Ние од Движењето ЗНАМ За Наша Македонија нема да ги заборавиме
бранителите и припадниците на безбедносните сили кои ги дадоа своите
животи за Македонија.
Семејствата на бранителите заслужуваат инстициунална помош и поддршка за
достоинствен живот и не треба да се чуствуваат како граѓани од втор ред.
Патриотизмот не се брани со зборови, туку со дела.
Ние од Движењето ЗНАМ потпишавме декларација за поддршка и остварување
на правата на бранителите и ќе се бориме за донесување нови и праведни
закони.
Наша обврска е да ја направиме Македонија држава во која владее правото,
се почитуваат законите и е просперитетно место за живот за сите кои
живеат тука.
Доста беа поделбите меѓу граѓаните на политички, институционален,
етнички, верски, економски и социјален план. Сите се еднакви и сите
имаат еднакви обврски, да се обединиме и да го дадеме максимумот за Наша
Македонија.