Ако се тргне од најновите барања на Доналд Трамп, дека доколку земјите членки во НАТО не ги исполнуваат своите финансиски обврски да одвојуваат 2 отсто од својот БДП за потребите на Алијансата, САД би можеле да излезат од воениот сојуз, оваа теза ја гледам повеќе како популистичка отколку реална. Имајќи ги пак предвид во исто време стравувањата од ваквиот евентуален чекот на републиканскиот кандидат за претседател од една страна и потребата за формирање на своја европска армија како пандан на воениот сојуз од друга страна, мислам дека и оваа идеја засега е нереална. Односно идејата за формирање на европска армија е утопија додека НАТО постои и е функционален, вели универзитетскиот професор Методи Хаџи Јанев во утринската емисија на „Слободен печат“.
– Најпрво треба да се нагласи дека во моментов постои длабока соработка меѓу ЕУ и НАТО. Идејата за европска армија пред сè е француска. Германија по ова прашање се двоуми од типот сака, па нејќе а најголеми противници за тоа беа Британците. Реализација на оваа идеја за која највеќе се залага Франција значи во праска дуплирање на трошоците со НАТО. Доколку НАТО има ефектуиран верижен безбедносен процес сега со ова треба од ново да се гради еден сличен ваков сојуз. Мислам дека тоа е непотребно и тешко многу во пракса може да се спроведе – посочи Хаџи Јанев.
Според професорот постојат и други препреки кои би дојдат до израз при реализирање на оваа европска идеја за формирање на вооружени сили.
Повеќе од интервјуто со професорот Методи Хаџи Јанев погледнете во видеото во продолжение..