Надзорните камери го снимиле нападот. Недељковиќ возел велосипед на кој седел неговиот четиригодишен син, додека на другиот велосипед била неговата сопруга.
Кога застанале пред влезот во дворот, напаѓачот притрчал и испукал неколку куршуми кон 43-годишникот. Тој потоа паднал на тротоарот, како и момчето кое било на велосипедот, додека неговата сопруга притрчала да им помогне.
Бразилските медиуми јавуваат дека Брзата помош успеала да му пружи помош на Недељковиќ, но тој доживеал кардиореспираторен застој и починал.Соседите велат дека Недељковиќ бил мирен и повлечен. Работел во столарска работилница, а четири години живеел со сопругата и синот на улицата каде што бил погубен.
Блиц наведува дека Недељковиќ бил вмешан во неколку ликвидации во Црна Гора и дека според сознанијата на српската полиција, тој бил и платен убиец на Земунскиот клан, на чие чело наводно бил Лука Бојовиќ. Од 2014 година во медиумите се шпекулира дека тој можеби повеќе не е жив.