7.8 C
Скопје
27/04/2024 07:35
МАКТЕЛ

  

     

 

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвара предмети за набавката на осум хеликоптери за Армијата вредна 230 милиони евра…

      

За два тендера и уште 13 други предмети поврзани со изборите Комисијата за спречување на корупција отворила предмети. Некои се по допрен глас, други по пријава. Законите регулираат што (не) смее да се прави од кога ќе се распишат изборите па додека завршат, но правилата вешто се заобиколуваатДржавната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвара предмети за набавката на осум хеликоптери за Армијата вредна 230 милиони евра и за набавката 22 амбулантни возила преку тендер на Министерството за здравство, потврди Татјана Димитровска, претседателка на комисијата, за Радио Слободна Европа.

   

„Отвораме предмети на сопствена иницијатива, по допрен глас од медиумите, за актуелни случаи пред избори. Двата предмети за набавките на хеликоптерите и на амбулантни возила, со 13 други предмети, значи имаме 15 предмети поврзани со изборниот процес“, изјави Димитровска.Овие предмети се поврзани со забрани за тоа што смеат, а што не смеат да прават функционерите и институциите по 14 февруари, денот кога претседателот на Собранието, Јован Митрески, ги распиша претседателските и парламентарните избори закажани за 24 април и за 8 мај.

 

Забраните се определени во Изборниот законик и во Законот за спречување на корупцијата и ги регулираат условите за нови инвестиции, вонредни исплати, вработувања….Реакции во јавноста предизвика и тендерот на Службата за општи и заеднички работи, со кој Владата планира да потроши 1,6 милиони евра за изнајмување 45 нови автомобили. Понудите треба да се отворат на 27 март, поради што овој тендер засега не е на „радарот“ на Антикорупциска комисија.

   

     

Има ли „лов во матно“ во тендери пред избори

Владата по седницата на 12 март соопшти дека Министерството за одбрана ќе набавува повеќенаменски транспортни хеликоптери, со договор влада со влада, меѓу Владата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Италија.За оваа набавка информираше министерката за одбрана, Славјанка Петровска, на брифинг со новинарите минатата недела (14.3). Таа тогаш рече дека постапката за изборот на компанијата е почната по оглас објавен во 2019 година.

Хеликоптерите се од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“. Договорот со компанијата треба да биде потпишан до крајот на март. Целата испорака треба да биде завршена заклучно со 2028 година.На конкурсот за избор на компанија пристигнале четири понуди. Покрај „Леонардо хеликоптерс“ имало и понуди од германско-француски конзорциум, компанија од САД и од Канада.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара власта да ја стопира оваа набавка, велејќи дека „надвор од секое нормално делување е СДСМ и ДУИ да вршат избор на тендер од 230 милиони евра на неколку недели пред избори, во период на техничка влада“.„Купувањето опрема за АРМ е работа која СДС и ДУИ имаа 7 години да ја прават, а не на два месеци пред избори да трошат 250 милиони евра“, соопштија од партијата.

Петровска изјави дека набавката е согласно законската регулатива, при што се поминати сите потребни чекори.„Процедурата апсолутно нема да биде повлечена, законот не е прекршен, таа ќе биде спроведена до крај затоа што набавуваме опрема којашто е потребна на македонската Армија и која е дел од планот за модернизација“ изјави Петровска од Тетово(17март 2024).

Илустрација, хартиено полагање испит за државни службеници

Вториот предмет пред антикорупционерите е тендер на Министерството за здравство за набавка на 22 амбулантни возила.

Во емисијата на „360 степени“ беше објавено дека на тендерот се пријавиле само двајца понудувачи, но со драматично различни понуди во цената. Поевтината била дисквалификувана и е избрана поскапата

„Фирмата што не ги исполнила барањата на тендерот на Министерството за здравство е, всушност, истата која неодамна победила на тендерот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, која купи седум амбулантни возила и ги подари на скопската Итна помош. Возилата кои ги купи ЕУ и возилата кои сака да ги купи Министерството се разликуваат незначително во медицинската опрема, но разликата во цена е огромна“ објави „360 степени“.

Според овој медиум, едно возило купено од Министерството за здравство ќе чини околу 90 илјади евра без ДДВ. Возилата што ги купи и донираше ЕУ, иако имаат незначително помалку медицинска опрема, чинеле драматично поевтино – по околу 63 илјади евра.

И да не се утврди корупција, прашањето е зошто сега се оди со вакви тендери, вели поранешниот антикорупционер Драган Малиновски за РСЕ.

„Исклучокот што го има во Законот за спречување корупција, кога набавките се однапред планирани, секогаш ни се повторува токму пред избори. Прашањето е дали сите тие набавки треба да се планираат за пред избори“, изјави Малиновски.

Незаконски вработувања и злоупотреби на државни ресурси

Меѓу 13-те предмети во Антикорупциска комисија, поврзани со изборите, има и предмети за незаконски вработувања, вонредни исплати на додатоци на плата, предвреме почната кампања, ангажирање лица за договор на дело.

Тоа го правеле државни и јавни институции, јавни претпријатија, општини, кажа претседателката на ДКСК за РСЕ, но не сподели детали за предметите.

Вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, изјави дека има две опомени, за вицепремиерот Артан Груби, за користење службени возила за партиски цели.

Грковска рече дека досега не е добиен доказ за други вакви случаи.

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека државни ресурси се користат и за кампањата за втор мандат на Стево Пендаровски, актуелен претседател на Северна Македонија. Според ВМРО-ДПМНЕ, вицепремиерот Бојан Маричиќ со службено возило дошол да се потпише за кандидатурата на Пендаровски, а „и самиот Пендаровски се појави на промоција на проект кој нема никаква врска со неговите досегашни надлежности и искористи службено возило за да оди на отворање на штаб на СДС“.

Малиновски, пак, смета дека е крајно време да се воспостави и политичка култура за нешто што со закон е регулирано уште пред 20 години – да не се користат државни возила или канцеларии за партиски потреби.

„Убеден сум оти политичарите мислат дека тоа природно им припаѓа. Како и намерно да сакаат да манифестираат моќ“, вели Малиновски.

Привремени вработувања пред избори

Во меѓувреме, четириесетина општини, градинки, училишта, јавни претријатија,склучија договори за привремени вработувања со Агенции за привремени вработување по 14 февруари, денот на распишување на изборите.

Уште 20-тина државни и јавни инстотуции успеале во истиот период и да ги реализираат договорите за вработувања. Меѓу нив се општините Тетово, Кавадарци, Вевчани, Гостивар, Сопиште, МТСП, Јавното претпријатие „Дрисла“ и други, покажуваат податоците од Електронскиот систем за јавни набавки.Проблемот е што привремените вработувања немаат третман на вработување, па сомнежите се дека оваа форма се користи да се згрижи партиската војска на државни јасли.

Законот за спречување на корупција и судир на интереси и Изборниот законик укажуват дека од денот на донесувањето на одлуката за распишување до денот на завршувањето на изборите, не може дапочне изградба со средства од буџетот или од јавни фондови на нови објекти во инфраструктурата, како патишта, водоводи, далноводи, канализација и други објекти или на училишта, градинки и други објекти, освен ако за таа намена претходно се обезбедени средства од буџетот, врз основа на закон во тековната година.Почнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи.Парламентарните и претседателските избори ќе се одржат на ист ден, на 24 април. Кампањата за претседателските избори на 24 април почнува на 4 април и трае до 22 април, кога почнува предизборниот молк кој трае до 24 април. Изборната кампања за парламентарните избори почнува на 18 април и ќе трае до 6 мај.

    

Најново

ЛИДЕРОТ НА БОЈКОТИРАМ, САШО ПАНГОВСКИ: Најголем пораз од блискоста со Џаро ми беше сознанието дека и мафијашите ценат чест, збор, имаат образ – за разлика од политичарите

Sase Ivanovski

Мицкоски со порака од Кавадарци: Мобилизација и масовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени

Sase Ivanovski

Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби, за сплотена и силна Македонија 

Sase Ivanovski

Ковачевски: Со крената глава заедно одиме во вториот круг на изборите и очекуваме масовна поддршка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БЕКТЕШИ: НИЕ ЌЕ ИМАМЕ НАД 20 ПРАТЕНИЦИ, ВЛЕН ЌЕ ИМА ПОД 10!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ ќе се стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и судство и на добрите меѓуетнички односи

Sase Ivanovski

Ковачевски: СДСМ е партија направена од цврст материјал, ние и во потешки услови не сме се отажале

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ИЗБОРНИОТ ШТАБ НА ТАРАВАРИ: ДУИ НЕ ПОБЕДИ СО ГЛАСОВИТЕ НА РОМИТЕ И ТУРЦИТЕ, САМО ВЛЕН Е ЛЕГИТИМЕН ПРЕСТАВНИК НА АЛБАНЦИТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БЕКТЕШИ: ВЕЧЕРТА НА 8-МИ МАЈ, ВО ВМРО ДПМНЕ ЌЕ ЈА БАРААТ МАЛА РЕЧИЦА НА ГУГЛ МАПС

Sase Ivanovski

Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

Sase Ivanovski

Таравари: Мицкоски разбра каде е тежината на албанскиот глас

Sase Ivanovski

Нема да го спасуваме ова раководство на СДСМ од потопот, рече Димитриевски

Sase Ivanovski

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Sase Ivanovski

Ковачевски: Јасно ни е дека партијата треба да се менува, за да ја вратиме довербата

Sase Ivanovski

Мицкоски: Банди на ДУИ нудат пари

Sase Ivanovski

Бектеши: Постои документ на кој се потпишани и Таравари и Ахмети, во кој пишува дека нема да прават коалиција со партија која нема да ги направи уставните измени

Sase Ivanovski

Филипче: Активистите се мобилизираат.Да ги подигнеме главите и да продолжиме да се бориме за она во што веруваме

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ИЗБОРНИОТ ШТАБ НА ТАРАВАРИ: НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ВМРО ДПМНЕ СЕ НЕПРИЈАТЕЛИ НА АЛБАНЦИТЕ

Sase Ivanovski

СОФИСКАТА ПУБЛИКА ДОБИ ТРИ БИСА ОД ТРПЧЕСКИ И ПРИЈАТЕЛИТЕ НА КОНЦЕРТОТ „МАКЕДОНИСИМО“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ РАСПАЛИ ПО АХМЕТИ: МУ СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ ВО ПОЛИТИКАТА, ЗАТОА СЕ ОДНЕСУВА ВАКА ДИВЈАЧКИ!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Не се откажуваме, заедно со граѓаните ќе обезбедиме сигурна и просперитетна европска Македонија

Sase Ivanovski

БИТИЌИ: „Грешките во владеењето можеме да ги поправиме, но поделбите во општеството нема да ги залечиме доколку на 8-ми мај не се спротивставиме на политиките  на раздорот, на национализмот, на сеењето страв

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ: ЛОШО ГО МЕНАЏИРАВМЕ ИЗДАВАЊЕТО ПАСОШИ, ЈА ПРЕЗЕМАМ ОДГОВОРНОСТА

Sase Ivanovski

Пендаровски: Нам не ни треба враќање назад во историјата, нам ни требаат можности за младите да останат дома

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ: И МИЦКОВСКИ ЌЕ ЗАВРШИ КАКО ГРУЕВСКИ, СИТЕ ПОПУЛИСТИ ЗАВРШУВААТ ТРАГИЧНО

Sase Ivanovski

Маричиќ: СДСМ ќе се спротивстави на националистичкиот и популистички виор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ: СДСМ СЕКОГАШ РАБОТИ ВО КОРИСТ НА ДРЖАВАТА А НА СВОЈА ШТЕТА, ЗАТОА СЕ СЛУЧИ ВАКОВ РЕЗУЛТАТ

Sase Ivanovski

СДСМ: Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество

Sase Ivanovski

Мицкоски: Освоивме 20% повеќе гласови од збирот на гласовите на владините кандидати – власта на ДУИ и СДСМ е делегитимирана и после 8 мај заминува во опозиција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКСО: АКО САКА ВМРО ДПМНЕ КОАЛИЦИЈА СО НАС ЌЕ МОРА ДА СЕ ДОРЕФОРМИРА, ДА СЕ ТРГНАТ НЕКОИ КАДРИ КОИ СЕ ИЗВАЛКАНИ ОД ГРУЕВИЗМОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКСО: СО СДСМ НЕМА ШАНСИ ЗА КОАЛИЦИЈА, СО ВМРО ДПМНЕ ЌЕ ВИДИМЕ

Sase Ivanovski

Димитриевски на Сител: ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна постизборна коалиција со ДУИ

Sase Ivanovski

Ковачки: СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку противник на народот и Македонија, затоа на 8 мај да се обединиме за бројот 2 и да ги срозиме за сите криминали и катастрофални политики

Sase Ivanovski

Николоски до директорот на ТЕЦ Неготино: Од каде ти се парите за хациендата во која живееш, дали од крими тендерите на сопругата во РЕК Битола или од твојот криминал со мазут во ТЕЦ Неготино?

Sase Ivanovski

ЧУДНО ВИДЕО ОД СВЕТИ САВА ВО БЕЛГРАД: ВЕРНИЦИ СЕ КЛАЊААТ И СЕ КРСТАТ ВО ИСТО ВРЕМЕ?!

Sase Ivanovski

Ердоган: Нетанјаху, како и убијците пред него, срамно го запиша своето име во историјата!

Sase Ivanovski

Тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Тимчо Муцунски се сретна со поранешни амбасадори, презентирана платформа 1198 и побарана поддршка

Sase Ivanovski

Косово е политички феномен. Прва мнозински муслиманска земја која легализира истополови заедници. Дури неверојатно звучи

Sase Ivanovski

Бугарскиот медиум  „Фактор“ ја анализира средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со Николај Валканов, поранешниот  потпретседател на „Мултигруп“

Sase Ivanovski

Порака од Атина до македонските политичари: Спроведувањето на Преспа е услов за патот кон ЕУ

Sase Ivanovski

Белгиски медиуми: Победата на ВМРО-ДПМНЕ е крај за европскиот сон на Македонија

Sase Ivanovski

Мерко не се појави на судењето за набавка на луксузното Aуди А6

Sase Ivanovski

Ќе се крати рокот за одлучување – дисциплинските постапки за судиите нема да може да се чуваат во фиока

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЕ ЗАПАЛИ СПРАТ ОД КУЌА ПОЗАДИ УНИВЕРЗАЛНА, НЕМА ЖРТВИ И ПОВРЕДЕНИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СИНДИКАТИТЕ ПРЕКИНАА ГОВОР НА ЏОРЏА МЕЛОНИ, ПОЧНАА ДА ЈА ПЕАТ РАБОТНИЧКАТА ХИМНА

Sase Ivanovski

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме, за бојкот тие нека му ја мислат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СИРОМАВ ЧОВЕК, ЖИВ ЃАВОЛ

Sase Ivanovski

Русија ги напаѓа украинските железници за да го „парализира“ товарот со помош од Западот

Sase Ivanovski

Дилетанти во напад – Професорката Силјановска Давкова треба да им рече ФАЛА!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Дигитализацијата останува еден од врвните приоритети СДСМ, ги исполнуваме очекувањата на ИКТ индустријата

Sase Ivanovski

САМО ДА НЕ БИДЕ ПОСЛЕ КАКО ШТО КАЖА АНТЕ МАРКОВИЌ

Sase Ivanovski

АЕТМ и ВИЗА доделуваат грантови од 1000 еур за отворање на е-продавница

Sase Ivanovski

Маричиќ: Евроинтеграцијата е премногу важна цел за да се потклекне пред предизвиците

Sase Ivanovski

Тошковски во посета на ЕБР и ЕОП: Поддршка до специјалните единици бидејќи ти се првиот столб на заштитата и зачувувањето на безбедноста и суверенитетот на државата

Sase Ivanovski

Русија ѝ се закани на Полска:„Тие ќе бидат први на списокот на нашето воено планирање“

Sase Ivanovski

21 Политичка партија ја потпишаа Заложбата за заедничка акција против нелегалната сеча и уништување на шумите во Република Северна Македонија

Sase Ivanovski

Касами: Веќе е најавено дека „Влен“ ќе биде дел од наредната влада

Sase Ivanovski

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Sase Ivanovski

За 15% поскапе осигурувањето за регистрација на возилата

Sase Ivanovski

Сонот на штипјани станува реалност – браната Отиња го решава водоснабдувањето на градот

Sase Ivanovski

Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност

Sase Ivanovski

Не е точно дека директорката на Токсикологија оди на работа по 4 часа дневно и дека се паркира на влез од Клиниката, рече министерот за здравство

Sase Ivanovski

КОЛОЗОВА: ЧАО ЕУ, ДОБРЕДОЈДЕ ЕУРОАЗИЈА

Sase Ivanovski

МАЈКО МИЛА: Разбојникот кој со автомат ограби казино во Лешок е полициски службеник

Sase Ivanovski

Хаос пред градското собрание во Тирана, фрлани молотови коктели врз објектот

Sase Ivanovski

Абдиу Халили – Герасимов: Имаме заедничка цел, членство во ЕУ до 2030 година

Sase Ivanovski

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Sase Ivanovski

Унијата на млади претприемачи со повик до партиите – поголема поддршка на младите претприемачи во Македонија

Sase Ivanovski

Влошено е здравјето на Кралот Чарлс, активирана „Операцијата Менаи Бриџ“ за кралскиот погреб

Sase Ivanovski

Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ ФОН) и Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ) го организираа настанот што предизвика рекорден број на пријавени млади учесници

Sase Ivanovski

Први мај и вториот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест

Sase Ivanovski

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Sase Ivanovski

Кривична пријава против директорка на градинка во Велес, за употреба на лажен сертификат

Sase Ivanovski

Загина 20-годишно момче од Прилеп: со неговото возило се судрил со камион

Sase Ivanovski

Во Велика Британија се тестира персонализирана mRNA вакцина против меланом, која може да спречи и рак на белите дробови, мочниот меур и бубрезите

Sase Ivanovski

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за регистрација на возила, на граѓаните да им се компензираат парите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО: Тимот студенти од правен факултет од Приштина меѓу топ 3 во светот, ги победија елитните Харвард, Кембриџ, Колумбија, Оксворд и Јејл

Sase Ivanovski

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ: Пукнато парно ја поплави Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Sase Ivanovski

И Николоски од Струмица го повика Таравари да формираат влада

Sase Ivanovski

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово кадешто имаше технички проблеми

Sase Ivanovski
Вчитувам....