Ескобар ја потврди непоколебливата поддршка за Македонија и Бугарија, како две ценети членки на НАТО и рече дека дијалогот меѓу двете земји треба да се заснова на факти.
„Го охрабруваме дијалогот меѓу Македонија и Бугарија да остане врз основа на факти и вкоренет во заложбата Македонија да продолжи да има ЕУ перспектива. И верувам дека имаме осигурувања од Бугарија дека тие сакаат Македонија да биде дел од ЕУ. Сакаме да ги искористиме тие можности бидејќи Македонија треба да биде целосен кандидат и итен кандидат за членство во ЕУ.“, рече Ескобар.Американскиот политичар утре ќе допатува во Приштина. Рече дека овојпат нема да го посети Скопје, бидејќи не сака посетата да се протолкува како мешање во внатрешните работи пред изборите.