Белата куќа соопшти дека изборите во Русија „очигледно не биле слободни, ниту фер со оглед на тоа како Путин ги затворал своите противници и ги спречил другите да се кандидираат против него“.
Украинскиот претседател Зеленски во вдео обраќање изјави дека „руската имитација на избори нема легитимитет“.
– Деновиве рускиот диктатор симулира нови избори. На сите во светот им е јасно дека оваа личност, како што веќе често се случуваше во текот на историјата, едноставно е болна за власт и прави се за да владее вечно, наведе Зеленски.