Во полошкото село Камењане, општина Боговиње, изгореле 4.000 пилиња на фарма за кокошки , објави МВР.„Ноќва во 3 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавено е дека настанал пожар во објект (барака) со инкубатори за пилиња во тетовско Камењане, сопственост на 32-годишниот С.Р. од ова село“, објави СВР Тетово. Според полицискиот билтен, нема повредени лица, а во пожарот, според пријавеното, угинале околу 4000 пилиња.Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот целосно е локализиран. Во текот на денот ќе се врши увид.