-Емприските показатели за држави кои што влегле во ЕУ, а пред тоа не биле дел од ЕУ покажуваат зголемување и на економската активност, на бројот мали и средни претпријатија, покажуваат зголемување на БДП, Словенија го дуплираше својот БДП. Хрватска за 1/3 го зголеми бројот на мали и средни претпријатија, зголемување на странските директни инвестиции бидејќи кога Северна Македонија ќе стане дел од ЕУ тогаш голем број на компании ќе отвораат свои седишта во Македонија бидејќи сеедно е дали вашето седиште се наоѓа во Виена, Берлин или се наоѓа во Скопје или Атина со оглед на тоа дека се е тоа на заедничкиот пазар. – истакна Ковачевски
-И тоа се конкретните придобивки. Поголеми плати, поголеми пензии, подобар животен стандард, подбро владеење на право, поголема борба против корупцијата. Едноставно подобар животен стандард каков што граѓаните го сакаат и го заслужуваат ама тука дома во Македонија земја членка на ЕУ, а не да одат некаде по странство нашите млади за да живеат во ЕУ“, рече Ковачевски во интервјуто за МИА.