За мрежата на шпионски сателити е задолжена деловната единица „Спејс Икс Старшилд“, која во 2021 година потпиша договор вреден 1,8 милијарди долари со Националната служба за извидување (NRO), разузнавачка агенција која управува со шпионски сателити, пренесува „Еуроактив“.Ако проектот биде успешен, значително ќе ја унапреди способноста на американската Влада и војска брзо да ги забележат потенцијалните цели речиси насекаде во светот, потврдија изворите.