Четиригодишно девојче од Велика Британија починало откако било нападнато од куче. Полицијата била повикана во Милтон Кејнс вчера попладне по дојавите за куче кое нападнало дете во задниот двор од една куќа. Девојчето починало веднаш на лице место, а кучето било успиено, пренесува Sky News. „Ова е апсолутно трагичен инцидент каде што веруваме дека едно дете е убиено откако било нападнато од куче. Ова е почетната фаза на истрагата и сакаме да ги увериме луѓето дека во овој момент нема опасност за пошироката јавност“, рече Шефот Мет Буливант.
Соседите го слушнале очајниот плач на мајката, а животното го опишуваат како „големо кафено куче“ кое семејството го има од пред неколку недели. Тој рече дека „го виделе само во куќата“. Сведочат и дека ги слушналеочајничните врисоци на мајката откако нејзината ќерка беше убиена од кучето, додека други рекоа дека семејството го купило миленикот пред околу шест недели. „Ја слушнав како вика: „Таа е мртва! Таа е мртва!“, рече еден сосед. Малата Алис Стоунс починала откако во вторникот попладне била нападната од куче во задниот двор од семејната куќа во Милтон Кејнс. Вооружена полиција упаднала во куќата, каде што се верува дека го опколиле кучето и го заспале, пишува Дејли мејл. Додека истрагата продолжува, властите велат дека сè уште никој не е уапсен во врска со инцидентот. Од полицијата додаваат дека во инцидентот нема повредени и дека специјалците му пружаат помош на семејството. Полицијата синоќа потврди дека кучето веднаш билохумано неутрализирано.