Скопје, 15 ноември – Во рамки на одбележувањето на Деновите на албанската азбука, денеска беше организиран првиот ден од научната сесија на тема „Албански студии на германски јазик “, од страна на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во соработка со Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.
За време на оваа научна сесија, на присутните им се обратија: Теута Арифи, Алберт Риска, Анила Омари, Ќемал Мурати, Сали Ислами и Бесник Рамети кои зборуваа на различни теми и дискутираа за студиите по етимологијата и зборообразувањето на албанскиот јазик, историското, литературното и филозофското значење, германската научна студија за албански јазик и литература и многу други теми.
На оваа панел дискусија Теута Арифи зборуваше на тема „Историски, литературен и филозофски натпревар на германската научна студија за албанскиот јазик и литература “. На тема „Апофоничното ниво на бучавата во етимолошките реконструкции од Норберт Џокли“, зборуваше Алберт Риска, додека Анила Омари на тема „Студии за етимологијата и зборообразувањето на албанскиот јазик “, првото монографско дело на Норберт Џокли.
Од друга страна, за време на панел-дискусијата, Ќемал Мурати зборуваше на тема „Норберт Џокли – извонреден албанолог кој го имаше албанскиот јазик за животна мисија“, а понатаму разговараа на тема за придонесот на Јохан Георг фон Хан, која ја елаборираше Сали Ислами, за првите археолошки откритија во “Вардарската долина“, и на крајот Бесник Рамети говореше на тема „Студиите на германските албанолози како историографски извор “.
Инаку, вчера започна четвртото издание на културно-научната манифестација „Денови на албанската азбука “во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, оваа манифестација ќе трае до 22 ноември, а во овој временски период ќе се организираат различни настани во чест на „Деновите на албанската азбука “.