Николоски праша дали е вистина дека пред скоро време Пендаровски во кабинетот бил посетен од еден стратегист и подготвувач на изборни кампањи и анкети.

„А, иначе тоа што сакам ексклузивно да го споделам вечерва е што веројатно Стево Пендаровски за многу пари ќе добие совети и анкети какви што ќе сака да види. Но, тоа нема да се реализира на терен. Па, еве да му фрлам ракавица на Стево Пендаровски да каже дали е вистина или не дека пред некое време скоро сега, зборувам за денови максимум недели, не за месеци и години, бил посетен од еден стратегист и подготвувач на изборни кампањи и на анкети. Тој по потекло бил од Израел, а кој што случајно во минатото но и сега има работено во една соседна држава за тамошниот претседател, во друштво со одредени лица од Романија и Хрватска. И да го прашам дали тие луѓе ќе му ја водат кампањата? Ако му ја водат кампањата, дали тоа ќе го пријави во Антикорупциската комисија? Затоа што ако не го пријави е кривично дело. И колку тоа ќе го чини и од каде ќе ги најде тие средства“, праша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

   

Николоски исто така постави прашање и до СДС, каде што праша дали е вистина или не дека имаат ангажирано странски куќи да им ја работат кампањата.Во текот во емисијата тој праша дали Стево Пендаровски ја донираше разликата од својата покачена плата и каде.

„Пендаровски должи неколку одговори во јавноста, на пример Пендаровски беше тој кој што кажа дека разликата од покачената плата ќе ја донира. Нели најпаметен беше од сите, па тој излезе и го кажа тоа. Што значи нели нему покачена плата не му треба. Што значи или многу скромно живее или е криминалец. Затоа што вас ако платата не ви треба значи дека имате други извори на приходи. А, во неговиот случај другите извори на приходи може само да се криминални. И остана до денес неодговорено прашањето на кого ги донира тие средства, и мислам дека е чесно во кампања да излезе и да покаже трансакциски сметки, затоа што така се прават донации, а не приказни да раскажува“, укажа Николоски.

 

Тој нагласи дека Пендаровски треба да излезе и во јавност да изнесе црно на бело каде донира.

„Второто што должи одговори е пред пет години кога се кандидираше за претседател велеше дека по завршување на мандатот нема да ги користи привилегиите кои што следуваат на поранешните претседатели. А, тоа е без разлика на колку години е следува пензија во висина на претседателска плата, а Пендаровски не исполнува услови за пензија, а очигледно ќе земе. И следуваат сериозни финансиски средства за функционирање на Кабинет со вработени, со канцеларии, со патувања итн. Велеше дека нема да ги користи овие привилегии, но некако молчи последниве години откако е свесен дека ќе биде демолиран, дека ќе биде прегазен и поразен на овие претседателски избори“, рече Николоски.