Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дека нема дискриминација врз основа на политичко и друго уверување во областа на дејствувањето на синдикални организации, постапувајќи по претставка од 24 март на најмалубројниот синдикат на полицијата за наводно сторена дискриминација од МВР и министерот Спасовски, дознаваме од нашите извори.
Со тоа паѓаат во вода наводите на овој синдикат. Комисијата имајќи ги на увид аргументите и на подносителите на претставката и на Министерството, констатирала дека нема повреда на право врз дискриминаторска основа и дека не е исполнета законската дефиниција за дискриминација согласно член 6 од Законот за спречување и заштита од дикриминација.