Доктор Аспазија Софијанова, пред неколку дена се појави на ТВ интервју на ТВ Телма и опширно проговори на многу теми поврзани со нејзината работа, а се осврна и на најактуелниот момент изминатиов период, прилогот на ТВ Клан телевизија и новинаротм Фуркан Салиу. Д-р Софијанова, во гостувањето на Телма, кажа дека не знаела дека новинарот од Тв Клан, Фуркан Салиу ја снима. Таа кажа дека отпосле сфатила дека ја снимиле. Рече дека сето тоа што го видела, во вид на документи со нејзини лични податоци, нејзе ѝ дошло од зад грб и била изненадена. Софијанова кажа дека открила од каде документите се нашле во рацете на новинарот. За документите рече дека новинарот ги добил на незаконски начин. Во меѓувреме, д-р Софинанова си поднесе оставка од функцијата директор на клиниката за детски болести, а во институциите се води постапка за утврдување на изнесените наводи во прилогот на ТВ Клан.
По настапот на Софијанова на ТВ Телма пред неколку дена, на својот профил на социјалните мрежи, се огласи новинарот Фуркан Салиу: „Многу невистини изнесени од страна на #Софијанова вечерва на #ТопТема. Невистини со кои почитуваната докторка се обидува да ме прикаже како некоректен и непрофесионален. Тактиката е иста како и кај претходните функционери кои што биле фатени во тесно… За среќа јас се снимам. 1. Софијнова вели дека сум влегол во канцеларија и сум рекол дека сакам да разговарам. Не е точно. “Ќе ни требате за ИЗЈАВА само сакам да знам дали да ве почекаме? 2. Софијанова тврди дека не знаела дека ја снимаме. Лага! Пред да почнеме да снимаме се гледа на инсертот дека од спротивната страна има втора камера која снима, а докторката ја средува косата затоа што сака да изгледа убаво пред камера. Дополнително, во првиот дел од видеото јасно се слуша дека барам изјава. Знаејќи дека може да проба да се вади на истите фори како во претходниот случај што го имавме во Комунална хигиена, ја натерав пред камера да потврди дека не сме влегле на сила или ненајавени.
Како и да е, како велат, тој што лаже… не треба да лаже. Министерството за здравство мора да ги објави јавно сите извештаи од вонредната ревизија во 12 клиники. Мора да се бара одговорност како е можно со усна наредба да се интервенира во системот кој што го регулира коефициентот на плата, а кој е одржуван од приватна фирма и на крај тоа да се сведе на статистичка грешка“, напиша новинарот Фуркан Салиу, на својот профил на социјалните мрежи. Салиу на својот профил сподели и измонтирано видео, од настапот на Софијанова и неговите снимки, со кои го поткрепува она што го напиша во статусот.