Никогаш не ми сметало да готвам. Не мислам дека е тоа родова категорија или должност. Не ми сметало и да чистам и да перам и да чувам дете и да менувам пелени и да бањам дете и да идам на пазар, никогаш не сум сметал дека има поделена улога во домот на тоа што е машка а што женска должност. Но кога требало да се менува сијалица, или гума или да се тепа некој страшен пајак, јас сум се пентарел и пупел под кола, не ми сметало.
Но не знам зошто модерните женски движења сметаат дека жената која е спретна во кујна е пораз за жените и некакво ропство? Зошто е гордост да кажеш дека не знаеш да готвиш, дали тоа те прави модерна и напредна освестена жена? Не мислам така… Може жената да биде и вредна и спретна и успешна и да биде почитувана и со права и заштитена, зошто мора тоа да биде ислучиво? Животот е маневрирање меѓу кариерата семејството приватното, за да успееме треба и да возиме коли и да помагаме сите дома да правиме сите пари да се грижиме сите за децата, зошто модерната жена бега од домаќинлак и од децата, зошто се повеќе жени бегаат од семејството и бракот и мислат дека бракот и децата се пораз за жената?
Мажот денеска е натоварен со повеќе товари, треба да остане џентлмен и да прави пари но треба и жената да ја менува дома, да чува деца и да помага по дома, затоа многу мажи одбиваат да се женат што ја остава жената да биде самохрана мајка, што е сепак пораз за жената, а најмногу од тоа страдаат токму децата, тоа е колатерална штета од феминизмот…
П.С Колумната е како отворена покана за дебата со почитуваната активистка од невладината МАРГИНИ, Ирена Цветковиќ која на протестот за осми март носеше тава и транспарент НЕ САКАМЕ ТАВА САКАМЕ ПРАВА. Таа порака повеќе ме изнервира отколку онаа за црквата која ја разбирам и целосно ми е јасно зошто црквата им оди на нерви на жените. Секој што бил на венчавка ја знае литургијата на попот во која вика дека жената треба да му се покори на мажот и да му служи што секако е многу стар поглед на правата на жената во денешното општество.