Дизајнот на корицата е на ликовниот уметник Зоран Кардула. Графичката опрема на книгата е на тимот на Шорткат продукција. На задната корица се поместени три кратки осврти на Сашо Орданоски, Валентин Нешовски и на издавачот и уредник на ова издание Џабир Дерала, како и кратка биографска белешка со фотографија на авторот на „ВМРО мит концепт крај“ што ја направи професионалниот фотограф Чедо Поповски.

   

Во подготовката на овој издавачки проект учествуваше целата редакција Фронтлајн.мк.Пред преполната сала промотори беа универзитетската професорка Емилија Целаковска, поетот Лазар Попов и новинарот издавач и уредник на книгата, Џабир Дерала. На промоцијата на својата најнова книга. се обрати и авторот Бранко Тричковски.