Случаен минувач пронашол напуштено новороденче во дворот на основно училиште во Германија. Тоа е пренесено во болница, каде лекарите се уште се борат за неговиот живот.
Новороденчето е пронајдено во дворот на основно училиште во градот Бракведе во североисточна Германија. Освен него, имало и папочна врвца завиткана во крпа која ја пронашол случаен минувач при прошетка, пишува Дневник.хр.
Хипотермичното новороденче е оживеано на лице место и пренесено во болница, каде лекарите се уште се борат за неговиот живот, соопшти полицијата.
„Во овој момент не сакаме да даваме повеќе детали“, рече државниот обвинител Кристоф Мекел.
Германската полиција интензивно трага по сторителот. На местото на настанот биле обезбедени биолошки траги кои би можеле да откријат каде се наоѓа мајката на детето. Се претпоставува дека ја сокрила бременоста и тајно се породила, а потоа го оставила детето во училишниот двор, пренесува Дневник.хр.
Уште една трагедија се случи во близина на основно училиште пред неколку недели. Германската полиција соопшти дека младите родители, на возраст од 19 и 22 години, го избоделе своето новороденче и го закопале телото во шумата. И двајцата се во притвор.