-Во случај на сериозен судир со НАТО, светот ќе биде на само еден чекор од трета светска војна, рекол Путин, пренесува руската државна агенција ТАСС.Мислам, додал Путин, дека е малку веројатно дека некој сака нешто такво.

   

-Бројни војници од НАТО членки умираат во Украина, вели тој.Според зборовите на Путин, бројни војници од земјите членки на НАТО веќе се распоредени во Украина.

 

-Тоа веќе го знаеме, рекол тој додавајќи на бојното поле веќе слушнале француски и англиски јазик.

   

     

– Тоа не е ништо добро, посебно за нив, бидејќи таму умираат во голем број, рекол Путин, кој не изнел никакви докази за тоа тврдење.Украина повеќе од две години со помош на Западот се брани од Русија.Руското изборно доверителство објави дека Путин остварил рекорден резултат и добил нешто помалку од 88 проценти од гласовите, откако биле преброени речиси четвртина од гласачките ливчиња. На претходните претседателски избори во 2018-та година победил со 76,7 проценти од гласовите.На ниеден вистински опозициски кандидат не било дозволено да учествува на изборите кои траеле три дена.