18.8 C
Скопје
26/04/2024 17:16
МАКТЕЛ

  

     

 

СДК: „Кајмак“ не е лесен филм, но има животворен хумор и затоа лесно се прима. Баш хуморот е алатката што ја трансцендира суштината на приказната, комплексна како и самиот живот – за малку љубов, за трошка среќа живееме

      

ТРИ ОД КАРТИ (Кон „Кајмак“ на Милчо Манчевски, играат Сара Климоска, Камка Тоциновски, Симона Спировска, Ана Стојановска, Александар Микиќ, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски)Со „Кајмак“, неговиот мајсторски седми филм, Милчо Манчевски се потврдува како еден од ретките современи уметници во светот кој страсно ја истражува човековата состојба, ја набљудува со огромен искрен интерес, без судење и фолирање, и ја обликува во парче уметност што трансцендира чиста, невоздржана емоција која допира длабоко. Во „Кајмак“, неговото можеби најинтимно дело, филм за силни жени и нежни мажи, толку нежни што се спремни и да умрат за љубов, Манчевски како со лупа го открива одговорот на прашањето како се живее, сега и тука?

   

Ургентноста на таа ужасна паника дека времето ти истекува како вода низ прсти, што те фаќа од погледот на виснатите цицки на колешката од фурната или од празнотијата и студенилото на допирот на вештачките цицки на богатата другарка, е двигател на двете љубовни приказни – за помладите богаташи Ева и Методи (Камка Тоциновски и Филип Трајковиќ) кај кои за сурогатство ќе дојде девојката со посебни потреби Доста (Сара Климоска), и за средовечните нискокласни Данче и Карамба (Симона Спировска и Александар Микиќ) кај кои ќе влезе Виолетка (Ана Стојановска), млада продавачка на кајмак на пазарчето. Две тројки, едната во кулата комшиски нагнетена до трошната куќа на другата. Манчевски е одличен раскажувач кој знае да те внесе и занесе со приказната, и иако овде ја задржува формата на линеарно раскажување, има многу неочекувани пресврти во приказната и тоа толку силно влече напред, што се следи во еден здив. Драмата е во флуидноста со која двојките стануваат тројки па потоа нови двојки. Радосните љубовни сцени, меко осветлени испреплетени тела снимени во крупен план, се исто така дел од таа флуидност. „Кајмак“ не е лесен филм, но има животворен хумор и затоа лесно се прима. Баш хуморот е алатката што ја трансцендира суштината на приказната, комплексна како и самиот живот – за малку љубов, за трошка среќа живееме.
Маестралниот актерски ансамбл ја обликува потрагата по таа трошка среќа со извонредност што маѓосува. Камка Тоциновски со просто монструозно прецизно нијансирање на емоциите ја игра Ева, млада, амбициозна жена од кариера амбивалентна кон мајчинството која ја прави најголемата жртва за да го усреќи сопругот. Камка ја очовечува Ева и пред очи ни го топи нејзиниот емотивен оклоп. Сара Климоска ја игра Доста со една шеретска наивност, а нејзината борба да ѝ се есапи гласот ја гради елегантно, со мали гестови. Симона Спировска со возбудлива енергија го изведува емотивното и телесно будење на Данче и мајсторски ја трансформира нејзината лутина во страсен копнеж и радост. А Виолетка на Ана Стојановска е лесна како пердувче, како сончев зрак што те буди во зимско утро.Женските ликови во филмовите на Манчевски се секојпат силни и доминантни, но во „Кајмак“ се еднакво интересни и двата главни машки ликови, Методи и Карамба.

 

Всушност, тие се како еден ист лик прво во младоста па во средновечноста – смотани, нежни, гладни за љубов, но за разлика од жените кои секојпат се изборуваат за својата среќа, они пасивно го примаат тоа што ќе им налета и благодарни се радуваат како деца. Филип Трајковиќ го игра Методи баш со таква нежна левтерност која ги збогатува комплексните односи во „богатата“ тројка. Но токму играта на Александар Микиќ, кој перфектно лесно се префрла од комедија во трагедија, е она што го заокружува тонот на филмот. Микиќ го игра Карамба со длабоко разбирање и сочувство за стравот дека му завршиле шансите за радост, оти еве – помина животот. Извонредна епизодна улога одигра и Пепи Мирчевски како Богдан, вујкото на Ева кој посредува за сурогатството на Доста – пасивно-агресивен малограѓанин кој суди за сите, но е прилично лабав кон моралноста на своето однесување.
„Кајмак“ е филм за едно корумпирано, разјадено, пакосно општество со големи класни разлики, а ние само се препознаваме во него. Но препознавањето не е најважниот момент – на делото реагираш не затоа што се препознаваш туку затоа што од тоа извира цела приказна и емоции, те засмејува, те боли, те разгневува, те растревожува, ти олеснува. Ова е ангажирано уметничко дело оти се занимава со односи кои се не само лични туку и општествени и може да им се види општествената генеза. Или како што рече Манчевски пред десетина години, „Секоја добра уметност е, сама по себе, ангажирана, оти е против статус кво и против човечка глупост“.
Човечката глупост во случајов е нехуман град набиен со високи градби – филмот е снимен во Скопје, но камерата на данскиот директор на фотографија Улрик Боел Бенцен овој страотно извитоперен урбан амбиент го гледа како глобализациска катастрофа. Затоа, тескобата на бетонската џунгла потсетува на амбиентот во филмовите на Вонг Кар-ваи (снимени во Хонгконг). Продукцискиот дизајнер Дејвид Манс, кој е константа во создавањето на визуелниот идентитет на филмовите на Манчевски, како контрапункт на нагнетените екстрериери креира елегантни и топли ентериери, како интимни скривалишта за животна радост. Костимите на Жаклина Крстевска, со комично извивање, се референца на класната поделеност – хипстерски стокмени богаташи наспроти „несредени“ обични луѓе.

   

     

Музиката на „Дејниш стринг квартет“, минималистичка варијација на народната песна „Не си го продавај Кољо чифликот“, е контраст на богатството од форми и бои во сликата, но извонредно го следи расположението во приказната. Филмот има извонредно богата звучна слика, што холандскиот дизајнер на звук Херман Пиете ја создава од најразлични надворешни звуци, во која доминира злокобното бучење на дупчалките и мешалките за бетон.„Кајмак“ е продлабочување на новата фаза комплексно уметничко истражување и експериментирање што Манчевски ја започна со „Врба“, и искрено ме интересира што следно ќе открие на тој пат. Марина КОСТОВА, SDK.MK

    

Најново

АЕТМ и ВИЗА доделуваат грантови од 1000 еур за отворање на е-продавница

Sase Ivanovski

Маричиќ: Евроинтеграцијата е премногу важна цел за да се потклекне пред предизвиците

Sase Ivanovski

Тошковски во посета на ЕБР и ЕОП: Поддршка до специјалните единици бидејќи ти се првиот столб на заштитата и зачувувањето на безбедноста и суверенитетот на државата

Sase Ivanovski

Русија ѝ се закани на Полска:„Тие ќе бидат први на списокот на нашето воено планирање“

Sase Ivanovski

21 Политичка партија ја потпишаа Заложбата за заедничка акција против нелегалната сеча и уништување на шумите во Република Северна Македонија

Sase Ivanovski

Касами: Веќе е најавено дека „Влен“ ќе биде дел од наредната влада

Sase Ivanovski

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Sase Ivanovski

За 15% поскапе осигурувањето за регистрација на возилата

Sase Ivanovski

Сонот на штипјани станува реалност – браната Отиња го решава водоснабдувањето на градот

Sase Ivanovski

Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност

Sase Ivanovski

Не е точно дека директорката на Токсикологија оди на работа по 4 часа дневно и дека се паркира на влез од Клиниката, рече министерот за здравство

Sase Ivanovski

КОЛОЗОВА: ЧАО ЕУ, ДОБРЕДОЈДЕ ЕУРОАЗИЈА

Sase Ivanovski

МАЈКО МИЛА: Разбојникот кој со автомат ограби казино во Лешок е полициски службеник

Sase Ivanovski

Хаос пред градското собрание во Тирана, фрлани молотови коктели врз објектот

Sase Ivanovski

Абдиу Халили – Герасимов: Имаме заедничка цел, членство во ЕУ до 2030 година

Sase Ivanovski

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Sase Ivanovski

Унијата на млади претприемачи со повик до партиите – поголема поддршка на младите претприемачи во Македонија

Sase Ivanovski

Влошено е здравјето на Кралот Чарлс, активирана „Операцијата Менаи Бриџ“ за кралскиот погреб

Sase Ivanovski

Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ ФОН) и Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ) го организираа настанот што предизвика рекорден број на пријавени млади учесници

Sase Ivanovski

Први мај и вториот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест

Sase Ivanovski

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Sase Ivanovski

Кривична пријава против директорка на градинка во Велес, за употреба на лажен сертификат

Sase Ivanovski

Загина 20-годишно момче од Прилеп: со неговото возило се судрил со камион

Sase Ivanovski

Во Велика Британија се тестира персонализирана mRNA вакцина против меланом, која може да спречи и рак на белите дробови, мочниот меур и бубрезите

Sase Ivanovski

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за регистрација на возила, на граѓаните да им се компензираат парите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО: Тимот студенти од правен факултет од Приштина меѓу топ 3 во светот, ги победија елитните Харвард, Кембриџ, Колумбија, Оксворд и Јејл

Sase Ivanovski

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ: Пукнато парно ја поплави Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Sase Ivanovski

И Николоски од Струмица го повика Таравари да формираат влада

Sase Ivanovski

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово кадешто имаше технички проблеми

Sase Ivanovski

СИЉАНОВСКА СО НАЈМНОГУ ДОНАЦИИ ОД ФИЗИЧКИ ЛИЦА, ПЕНДАРОВСКИ СО НАЈМАЛКУ

Sase Ivanovski

Новинарите на италијанската државна телевизија ќе штрајкуваат поради „задушувачката контрола“ од владата на Мелони

Sase Ivanovski

Зајкова: Сметам дека оваа коалиција ќе биде победничка

Sase Ivanovski

МФ: Одржана седница на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност со цел разгледување на одлуките на осигурителните друштва за зголемување на премијата

Sase Ivanovski

Анкета: Половина од новинарите во Србија подлегнале на самоцензура, третина се соочиле со закани

Sase Ivanovski

Нигерија: Над 100 затвореници избегаа откако дождовите го оштетија затворот

Sase Ivanovski

Војската на Буркина Фасо масакрирала 223 селани во одмаздничка акција

Sase Ivanovski

Варшава го отповика полскиот командант на Еврокорпус поради истрага за шпионажа

Sase Ivanovski

Велигденски концерт во црквата ,,Света Софија” во Охрид

Sase Ivanovski

Путин: Руската економија станува посилна и покрај сите предизвици

Sase Ivanovski

Нема договор меѓу Белград и Приштина за користење на динарот, нова рунда преговори на 13 мај

Sase Ivanovski

Поскапе регистрацијата на возила – ова се новите цени

Sase Ivanovski

Египет предупредува на „катастрофални последици“ додека се наѕира офанзивата во Рафа

Sase Ivanovski

Девојка (19) во Украина се обидела да си го продаде синот за 23.500 евра

Sase Ivanovski

Подобро да бидам најлошиот на светот, отколку да направам нешто против мојата Србија!

Sase Ivanovski

Брод на кралската морнарица соборил ракета истрелана од Хутите

Sase Ivanovski

СДСМ: Jа слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ние ќе продолжиме да се бориме

Sase Ivanovski

Зеленски им се заблагодари на Џонсон и Шумер за американската помош за Украина

Sase Ivanovski

Уапсен украински министер, осомничен за корупција

Sase Ivanovski

Маскиран со фантомка и со автоматска пушка ограбил казино во тетовско: Притвор за 28-годишен разбојник

Sase Ivanovski

Учениците од понеделник на пролетен распуст

Sase Ivanovski

Кина со предупредување до САД: Не ги преминувајте црвените линии!

Sase Ivanovski

ДЕНКО МАЛЕСКИ: ГНЕВОТ НА НАРОДОТ МОРА ДА СЕ ИЗВЕНТИЛИРА, НА ВМРО ДПМНЕ МОРА ДА МУ СЕ ДОЗВОЛИ ДА ФОРМИРА ВЛАДА, ИНАКУ НЕ НИ БЕГА ГРАЃАНСКА ВОЈНА!

Sase Ivanovski

Исмаили: Верувам дека може да ја направиме промената

Sase Ivanovski

Зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании, смета Агенцијата за супервизија на осигурување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПУТИН ГО УАПСИ ЗАМЕНИКОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НА РУСИЈА ЗА ЗЕМАЊЕ МИТО ОД 10 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: ЖИВЕЕЛ КАКО МИЛИЈАРДЕР СО ЈАХТИ СО ДИЈАМАНТИ, АЛЕКСЕЈ НАВАЛНИ ГО ОТКРИ НЕГОВИОТ КРИМИНАЛ

Sase Ivanovski

Герасимовски: Со видео надзор општината ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Sase Ivanovski

Волонтери собраа два камиони ѓубре кај Аквадуктот – „Од депонија стана рај“ (ФОТО)

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ ВО НЕДЕЛА ЌЕ ОДРЖИ ПАРТИСКИ КОНГРЕС ВО АЛЕКСАНДАР ПАЛАС

Sase Ivanovski

Анкетата на МКД.мк и Маркет вижн во милиметар го предвиде резултатот од претседателските избори

Sase Ivanovski

ЗНАЧИ СВЕТОТ ОСТАНУВА НА ЛГБТ ЛУЃЕТО

Sase Ivanovski

И ПОСЛЕ ЗОШТО ВОЈНИ ИМАЛО НА БАЛКАНОТ, СРЕЌА Е ШТО УШТЕ ПОСТОИ ОВАА ВУКОЈЕБИНА

Sase Ivanovski

Додик: Резолуцијата во Сребреница е лага, но ќе однесеме венци во Поточари ако тоа не навреди никого

Sase Ivanovski

Столтенберг: Кина мора да престане да и помага на Русија во војната против Украина

Sase Ivanovski

Ковачевски: Сите да размислат што ќе биде ако се вратат грдите времиња на меѓуетнички тензии

Sase Ivanovski

„Ако не ја запреме Русија, ќе не убијат сите“ смета Зеленски

Sase Ivanovski

Јакимовски: Муцунски се подбивал со мојот пораз – јас барем го признав, тие пијани држеа прес-конференција

Sase Ivanovski

Која е Бегоња Гомез, жената поради која ќе падне шпанскиот премиер

Sase Ivanovski

Граѓаните чекаат автобус на оштетени постојки, некаде и без стреи и клупи

Sase Ivanovski

5 египетски артефакти вратени од САД во Египет

Sase Ivanovski

Еко Логистик се сомнева во законитоста при испораката на гласачките ливчиња

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арсенал го разби Челзи – 5:0

Sase Ivanovski

Ковачки: Силјановска Давкова го прегази Пендаровски со дупло поголема разлика, истото ќе се случи и на 8 мај со зголемена разлика

Sase Ivanovski

СДСМ до тука беше – без правење глупости до 8 мај

Sase Ivanovski

НА ВОЈДАН МУ Е ПОТРЕБНА НАШАТА ПОМОШ! Мајката Марија со молба до сите хумани граѓани

Sase Ivanovski

„НАМЕСТИ НАТПРЕВАР СО 134:0, А ЈА НАМЕСТИ И ШТАФЕТАТА!“ Дури и Тито го бранеше Џаро, пишуваат српските медиуми

Sase Ivanovski

Битиќи од Чучер Сандево: Кренете ги главите, вратете ги насмевките – СДСМ е храбра, обединета и уште поодлучна за европската иднина на Македонија

Sase Ivanovski

КОЈ БИ РЕКОЛ! Ова е новата Мис Универзум на Буенос Аирес и има 60 години

Sase Ivanovski

ПОРАНЕШНИОТ ПАРТНЕР НА ПРИНЦЕЗАТА БЕАТРИС ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ХОТЕЛ! Полицијата соопшти дека починал од предозирање

Sase Ivanovski

Стојаноска од Јегуновце: Оваа криминална власт вчера го доби жолтиот картон, а црвениот и следува на 8 мај

Sase Ivanovski

ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ СЕ КРЕНА ПРОТИВ РУСИЈА Повик до земјите членки на ЕУ итно да се спротивстават на руско мешање

Sase Ivanovski
Вчитувам....