Не за кој е речено, туку за кој е печено.Така некако испаѓа работата и со северната трибина на Стадионот Петар Милошевски во Битола. Ја вети ДПМНЕ. Поранешниот градоначалник Владимир Талески – Двојче фрли неколку лопати и ја остави како обврска да ја изгради и ја изгради неговата наследничка, Наташа Петровска. Во употреба ќе ја пушти актуелниот градоначалник Тони Коњановски кој ни крив ни должен утре ќе се слика и ќе позира со објектот кој го изгради локалната самоуправа предводена од СДСМ.Работите на трибината се завршени уште во октомври 2021 година, но на Коњановски и на ДПМНЕ им требаше една година да ги постават столчињата за кои наследија обезбедени финансиски средства. Не е ништо ново ДПМНЕ да се кити со туѓи перја, но пред да го “киднапираат” утрешното отворање на трибината и да го претворат во партиска забава, ги потсетуваме дека стадионот е на Битола, оти битолчани сакаа стадион. Северната трибина на Стадионот Петар Милошевски е изградена исклучиво со средства од буџетот на Општина Битола, со пари на битолчани. Во ниту еден град низ Македонија тоа досега не се случило и затоа нашето задоволството е уште поголемо.СДСМ ја изгради трибината, а на Коњановски и на ДПМНЕ остануваат обврските за целосно заокружување на изгледот на Стадионот:Што побрзо да светнат рефлекторите за кои поранешната градоначалничка, Наташа Петровска има потпишано договор со ФФМ. Во буџетот за 2023 година Коњановски да обезбеди 130 милиони денари за реконструкција на јужната трибина и изградба на атлетска тартан патека.- Да се подготви тендерската документација и да се обезбедат средства да се изгради западната трибина.Само тогаш Коњановски и оваа локална власт ќе покажат дека имаат интерес за спортската инфраструктура во Битола!