Честитки Иван од се срце. Затварам еден прекрасен циклус од најубав период, иако во опозиција чест и задоволство ми беше да бидам дел од креирањето на младинските политики, а воедно и единствена жена претседател на младинска организација. Благодарност до сите организааци со кој соработував и до сите колеги од останатите политички партии. Младите ги носат промените, од оваа перспектива безрезервно верувам во нив. Република Северна Македонија е единствениот дом за сите нас и заедно верувам во подобро денес.