Според „Тејст атлас“, македонската баница со зелка, т. н. зелник е рангирана на престижното 34 место на листата од неверојатни 100 јадења. Еве како го опиша „Тејст атлас“ македонскиот специјалитет во кој со векови уживаат сите генераци.
Баница со зелка (Зелник)
(Баница со зелка, македонски зелник, зелник)
Зелник е традиционална македонска пита која може да се наполни со различни намирници како сирење, спанаќ, јајца, месо, праз или зелка. За најдобар резултат, зелникот треба да се премачка со путер и масло пред да се пече, за питата да добие златно-кафеава боја.
Зелник е највкусен кога се служи топол, а се препорачува да се комбинира со чаша јогурт.
Српската лепиња со кајмак го зазема престижното прво место, а босанскиот бурек се најде на осмото место.Што се однесува до другите јадења, на второ место е специјалното лепче роти канаи, кое потекнува од Тајланд, Малезија и Индонезија.
Потоа следува бразилскиот пао де кеижо (леб со сирење), пченкарен леб кој потекнува од африканските робови, а сирењето и млекото, всушност, биле додадени дури подоцна, кога робовладетелскиот систем бил згаснат.
Четврти се Грците со нивната традиционална пита (бугаца), петти се Мексиканците со чилакилес.
Интересно е и тоа што францускиот кроасан е дури на седмото место, а по него следува босанскиот бурек (со месо).Да одиме по ред. На второто место е специјалитетот од Малезија – роти канаи. Тоа е традиционално пржено лепче во тава направено со брашно, вода, јајца и маснотии од индиско потекло, но главно е поврзан со Малезија и околните земји како Индонезија, Брунеи и Тајланд. Тестото за роти канаи се свиткува повеќепати, така што финалниот производ има слоевита текстура, мека внатрешност и крцкав надворешен слој.
Буквално преведено како леб со сирење, пао де кеижо (pao de queijo), кој се најде на високото трето место, потекнува од кулинарските изуми на африканските робови, кога почнале да ги користат остатоците од растението касава. Ситниот бел прав или скроб, се валкал во топчиња и се печел.
Грчката бугаца е четврта на листата, а станува збор за традиционална, рустикална грчка пита која се состои од печиво обложено со фил од гриз, иако постојат варијации со мелено месо или со сирење. Името на јадењето е изведено на отоманскиот збор погаца (pogatsa), што означува пита исполнета со сирење.
Петтото место им припадна на мексиканските чилакилес. Тоа се, всушност, збир на пржени парчиња тортилја натопени со чили сос со месо и зеленчук, по желба. Јадењето е популарно и во Мексико и во Соединетите Држави како одличен начин да се искористат остатоците од бајати тортилји. Името на јадењето е изведено од чил-а-квилитл, што значи зеленило или зачински билки во чили.
На шестото место е колумбискиот традиционален појадок познат како калентадо, кој се состои од остатоци од претходната вечер кои едноставно се загреваат.Како што спомнавме, ароматичниот француски кроасан го зазема седмото место, а на осмото е босанскиот бурек. На деветтото место е рангирана турската катмер пита, тип на сладок (и солен) бурек, додека на 10-тото место се најдоа руските сирники – пржени палачинки со младо сирење (кварк).
Сирники е десерт кој се состои од пржени палачинки од урда кои обично се украсуваат со мед, овошен џем, павлака или сос од јаболка. Тој е дел од руската (каде што понекогаш се нарекува и творожники), белоруската, украинската, латвиската и литванската кујна.