Според веб-страницата Vote Abroad, која го спроведе истражувањето, Русите во Белград најмногу гласови му дале на Владислав Даванков (66 отсто), додека за Путин гласале 3 отсто, а останатите кандидати добиле по 1 отсто од гласовите. Дури 14 отсто од анкетираните изјавиле дека на гласачките ливчиња напишале нешто друго. Останатите прашани или не гласале, или одбиле да одговорат.Руската амбасада во Подгорица соопшти дека излезноста била „рекордна“ и дека гласале 1.500 гласачи.„Сè помина сосема мирно, без никакви инциденти. Одѕивот беше многу, многу голем“, велат од амбасадата.