📍Денес во скопско Кучково, заедно со моите колеги Александар Стојкоски, Дарко Костовски, потпретседателот Vlado Misajlovski и пратеникот Бојан Стојаноски традиционално го закроивме лозјето во црквата која го носи името на светецот.
☦️ На оваа прекрасна локација на која се наоѓа црквата Св. Трифун се одржа и пригодна свеченост со која чиноначелствуваше Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.
❤️ Преполн со верници, си посакавме добро здравје и бериќет во годината што следува бидејќи како што е познато за денешниот празник – Св. Трифун ги штити лозјата и градините од штети и болести.
🍇 Нека биде плодна годината и нека нашите прекрасни цркви и манастири бидат полни со верници.
✌️ Само така, почитувајќи си ја верата и традицијата ќе останеме сплотени.
❤️ За многу години!