Во рамките на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство” под покровителство на U.S. Embassy North Macedonia во Скопје го продолжуваме нашиот едукативен караван со Општина Кисела Вода во основното училиште Кузман Јосифовски Питу каде учевме, дискутиравме и се дружевме со 70 деца.
Неделата ја завршуваме со Општина Ѓорче Петров, каде другарувавме со повеќе од 60 деца и низ презентација и отворена дискусија споделувавме знаења и искуства за тоа што подразбира одговорното сопствеништво со деца од основното училиште Димитар Поп Георгиев Беровски.
Продолжуваме понатаму со иста цел бидејќи веруваме дека за решавање на проблемот со бездомните кучиња е важно да се влијае на најмладите кои заедно со нас научија како преку одговорното сопствеништво и вдомување на миленик можат да придонесат до намалување на бројот на бездомни кучиња по улиците.