Данела Арсовска, градоначалничката на Скопје, денеска на Советот на Град Скопје, жестоко го нападна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Таа му порача на Мицкоски да не се крие, да излезе и да се соочи со нејзе.
„За тој спорен тендер во Водовод, има кој да си одговори, и тие одговори ќе си дојдат со време. Јас ќе си продолжам по патот на правдата како најдобар градоначалник, ама Мицкоски од тендер матрицата никогаш нема да излезе. Може да испревртувате колку сакате реченици, јас знам што сум кажала. Мицкоски да не се крие, да се бореше со власта со спорните документи како што се бореше со мене, ќе ја спасеше Македонија“, рече Арсовска.