🔔 Денес со звукот на училишното ѕвоно се означи почетокот за вкупно 1323 ученици во општина Пробиштип во новата учебна 2022/2023 година.
🙋♂️🙋♀️ Денес им посакуваме среќа и успех и на оние најмалите што за првпат ќе седнат во училишните клупи-првачињата, кои ги пречекавме и поздравивме со пригодни претстави во двете општински училишта „Никола Карев“ и „Браќа Миладиновци“.
👩🏫👨🏫 Нека е среќна и успешна новата учебна година, на сите наставници, професори и ученици.