Синоќа во Охрид се одржа Фолк вечерта на популарниот музички фестивал Охрид фест – Охридски трубадури.
На 29-то издание на фестивалот се отпеаа 16 нови фолк песни, а првата награда од стручното жири ја свои Наум Петрески со песната ,,Не се откажав”.
Сопругата на Наум, фолк пејачката Зуица Лазова е првонаградена од публика, со песната ,,Да ме носиш в Охрид”.
Второто место од публика од освои Петар Нечовски, а третото Милован Секуловски и групата ,,Ишарет”.
Вечерва во Охрид ќе се одржи и втората, Интернационална вечер на фестивалот. Најавено е учество на голем број на балкански музички ѕвезди.