7.8 C
Скопје
27/04/2024 07:00
МАКТЕЛ

  

     

 

РИЗАОВ: Раскинување на веќе ратификувани договори со еднонационални референдуми во мултикултурно општество недвојбено води кон конфликти, дестабилизација и доведување во прашање на евроатланските интеграции

      

   

Стратегијата на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ за освојување на власта е јасна со очигледниот факт дека многу не ги загрижува успешноста на референдумот.Тие се концентрирани на еднонационалното изјаснување на граѓаните очекувајќи околу 500 до 600 илјади луѓе, во најголем број Македонци, да гласаат за раскинување на договорот за добрососедство со Бугарија.

 

Сега, жешкиот костен е во рацете на процедурите во Собранието. Поточно, дали коалициските партнери и претседателот на Собранието ќе прифатат изјаснување на граѓаните, имајќи ги предвид последиците од нови поделби во македонското општество и доведување во прашање на најзначајната стратегиска определба на Македонија – европската перспектива и членството во ЕУ. Но и спротивно, имајќи ги предвид и последиците од ограничувањето на демократските права со одбивање на референдумот.

   

     

Во случај да се прифати одржувањето на референдум за организаторите воопшто нема да има значење дали ќе биде запазена излезноста од над 900.000 граѓани, колку што се неопходни за успешен референдум. Да потсетиме, на референдумот за Преспанскиот договор пред три години над 630.000 луѓе гласаа „за“, а околу 35.000 „против“. Но тоа не беше доволно, бидејќи не беше исполнет цензусот од над 910.000 излезени граѓани за референдумот да биде прогласен за успешен. Тоа што воопшто се отиде на референдум, иако беше консултативен, беше голема грешка, знаејќи дека со бојкотот и високиот цензус на излезност според проблематичниот избирачки список е практично невозможен успешен резултат. На тој ризик од недостижноста на високиот цензус на излезност укажуваа повеќе истражувања на јавното мислење, но власта не ги зема предвид.

Сегашниот референдум, пак, со околу 500.000 „за“, па и стотина илјади помалку македонски гласови, е одлична позиција и голем гласачки капитал за одржување на тензија до парламентараните избори, без разлика дали ќе бидат редовни, или предвремени. Ако биде одржуван тензичниот амбиент на предавства на националните интереси во земјата до изборите, по еден таков референдум, за што ВМРО ДПМНЕ е ненадминлив шампион на лажен патриотизам и примитивен популизам, тогаш пресметката е јасна – и неуспешниот референдум, според проценките на ВМРО ДПМНЕ, би најавил голема изборна победа. Но едно се патриотските пропагандни еднонационални проценки, а сосема друго реалните штетни последици.

Референдумот е само гориво до целта

Мицкоски овојпат не се заканува со оставка ако референдумот биде неуспешен. Тој има други планови, референдумот му е само гориво да стаса до целта. Тој и сега прифаќа предвремени избори наместо референдум, или и трите заедно сосе парламентарни и претседателски.

Навидум, од правен аспект, нема ништо полесно од напуштање на договорите со Бугарија и со Грција. Тие беше тешко да се донесат. За договорот со Грција беа потребни близу 30 години, а за договорот со Бугарија од првата негова верзија поминаа повеќе од 20 години. Тешко се договараат, а лесно е да се откажуваат. За тоа воопшто не е ни потребен референдум. Со едно притискање на копче во Собранието со 61 глас договорите за одреден период стануваат неважечки.

Стратегијата на Мицкоски е изградена од пропагандни манипулации и од оправданиот револт на граѓаните за арогантниот, навредлив и уценувачки однос на Бугарија и нерешителноста на ЕУ со големо задоцнување да ги исполни своите обврски од фундаменталните основачки акти и веќе донесени одлуки, што случајот со Македонија го прави единствен досега во целата историја на ЕУ.

Кога сето тоа ќе се спакува во повеќегодишна предизборна кампања, во која главниот наратив се предавства на владата на националните и државни интереси, не е потребно да се читаат потпишаните договори, усвоени и ратификувани во Парламентот. Тие и непрочитани и неразбрани се одлична суровина за предизвикување на состојба на хаос во која најдобро плива ВМРО ДПМНЕ.

Веќе се соопштени, додуша со немушт јазик, и некои други детали, кои, иако се пресметки без крчмар, јасно навестуваат во која насока ќе се движат работите по евентуалниот референдум. Се ветува нов, подобар договор со Бугарија, или бришење на спорните членови од договорот и замена со нови, како и промена на ставовите на ЕУ кои би го ревидирале и преправиле францускиот предлог целосно во интерес на Македонија. Ваква невозможна промена може да се приопшти на јавноста само во една хистерична атмосфера на измислени предавства за распродажба на македонските национални интереси. Се премолчува фактот дека по еден ваков референдум позициите на Бугарија ќе бидат уште посилни, ослободени од критиките на западноевропските земји и речиси сите членки на ЕУ поради тврдиот неправеден став кон Македонија.

Мицкоски тврди дека Македонија не отстапува од евроатланските интеграции со референдумот за поништување на Договорот со Бугарија. Вистината е сосема спротивна за европската иднина и таа ќе биде соопштена многу отворено – дека драматично ќе се промени односот на ЕУ кон аспирациите на Македонија за редовно членство. Во тој случај процесите за членство не мораме воопшто да ги замрзнуваме, бидејќи Брисел ќе ги замрзне со јасно образложение дека раскинувањето на веќе ратификувани договори за добрососедство во Парламентот и прифатени од ЕУ е случај без преседан.

Макзит не е Брегзит

Макзит за време на започнати преговори пред да се стапи во членство во ЕУ – небаре е политичка и економска велесила рамна на Обединетото Кралство, па да се заканува со Брегзит. Не може да помине ниту преку Камениот мост во Скопје, а не во Брисел.

Ако и Бугарија по Македонија оди на референдум со идеите на своите националисти со прашање: дали треба да се постигне нов договор со Македонија, тоа би означило дека македонскиот референдум е една трагична авантура која ќе заврши со референдум…дум…дум… во сопствената слепоочница и збогување со членство во ЕУ на неодредено време. По нашиот референдум Бугарија ќе нема потреба од натамошна слична бламажа. Ние ќе им ја завршиме работата.

Христијан Мицкоски ова добро го знае, па затоа целата ова референдумска ѓурултија ќе се сведе на тактика за победа на предвремени избори, а новиот евентуален предлог за подобар договор, ако воопшто дојде до тоа, нема да промени ништо суштински, ниту една запирка, или точка која веќе е усвоена во парламентите на двете земји. Можни се некои козметички промени кои не значат ништо, освен влез во лавиринтот со уште полоши позиции на Македонија. Но, затоа како голема победа, со познатата вмровска пропаганда, ќе се прикаже дека се спасени сите посебности, и јазикот и историското минато и националната припадност на Македонците.

Практично победата ќе биде претставена со сѐ она што и денес е веќе постигнато и кое со лажни вести и груба пропаганда се негира и обезвреднува. Машинеријата на ВМРО ДПМНЕ, која најдобро функционира во продуцирање на хаос и патриотски вознесц, сето тоа ќе го прикаже како голем успех и спасување на Македонија од предавствата на актуелната предавничка влада и коалициската власт. Крајниот резултат се уште 30 изгубени години како со Грција, жртвувани уште неколку генерации на Македонија.

– повеќе од авторот: Да ги раскинеме ли договорите со Бугарија и со Грција?!

Индикативна е позадината зошто сега ВМРО ДПМНЕ не ја покренува постапката за поништување, или подобрување и на Спогодбата со Грција, поточно Преспанскиот договор што се ветуваше, кој до неодамна беше „коренот на злото“ за што, исто така, се тврдеше дека е „отровно дрво кое раѓа отровни плодови“ и за што веќе имаше неуспешен референдум, а уставните промени во врска со промената на името на држвата беа прогласени за нелегитимни и плод на уцени на пратеници на најпатриотската политичка партија.

Да се поништи сѐ што е макотрпно постигнато

Каде е излезот во една ваква деликатна ситуација, кога се оди кон тоа да се поништи сѐ што е досега макотрпно постигнато со членството во НАТО и со започнување на преговорите со ЕУ? Најдоброто и најефикасно решение би било многу поконкретен чекор на ЕУ кон Македонија, со што би се анулирале сите манипулации.

– повеќе од авторот: Ни доаѓа ли сибирска зима?

Очигледно не се доволни бројните посети на државници кои ѝ даваат поддршка на Македонија. Неопходно е Европската унија и САД да ги вклучат своите механизми веќе соопштени и познати во случај на обиди за дестабилизација на Западен Балкан. Тоа подразбира брзо отворање на првите поглавја како услови за членство во ЕУ и без притисоци за забрзување на работата на историската комисија. А, САД да ја активираат својата определба за „црната листа“ што беше неодамна јавно соопштена и доументирана како владин манифест за сите обиди за дестаблизација на Западен Балкан.

Раскинување на веќе ратификувани договори со еднонационални референдуми во мултинационално и мултикултурно опшетство недвојбено водат кон меѓуетнички конфликти и доведување во прашање на евроатланските интеграции на Македонија.

Тоа се конкретни потези кои би го направиле беспредметен референдумот и би се одбегнале новите поделби и дестабилизацијата на Македонија.

Вистинскиот референдум теба да се одржи како и кај повеќето земји кои станале членки на ЕУ – кога преговорите ќе завршат. Референдумското прашање во тој случај е познато: „Дали сте за членство на Република Северна Македонија во ЕУ.“ За тоа ќе одлучуваат тие што ќе доживеат.

    

Најново

ЛИДЕРОТ НА БОЈКОТИРАМ, САШО ПАНГОВСКИ: Најголем пораз од блискоста со Џаро ми беше сознанието дека и мафијашите ценат чест, збор, имаат образ – за разлика од политичарите

Sase Ivanovski

Мицкоски со порака од Кавадарци: Мобилизација и масовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени

Sase Ivanovski

Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби, за сплотена и силна Македонија 

Sase Ivanovski

Ковачевски: Со крената глава заедно одиме во вториот круг на изборите и очекуваме масовна поддршка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БЕКТЕШИ: НИЕ ЌЕ ИМАМЕ НАД 20 ПРАТЕНИЦИ, ВЛЕН ЌЕ ИМА ПОД 10!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ ќе се стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и судство и на добрите меѓуетнички односи

Sase Ivanovski

Ковачевски: СДСМ е партија направена од цврст материјал, ние и во потешки услови не сме се отажале

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ИЗБОРНИОТ ШТАБ НА ТАРАВАРИ: ДУИ НЕ ПОБЕДИ СО ГЛАСОВИТЕ НА РОМИТЕ И ТУРЦИТЕ, САМО ВЛЕН Е ЛЕГИТИМЕН ПРЕСТАВНИК НА АЛБАНЦИТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БЕКТЕШИ: ВЕЧЕРТА НА 8-МИ МАЈ, ВО ВМРО ДПМНЕ ЌЕ ЈА БАРААТ МАЛА РЕЧИЦА НА ГУГЛ МАПС

Sase Ivanovski

Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

Sase Ivanovski

Таравари: Мицкоски разбра каде е тежината на албанскиот глас

Sase Ivanovski

Нема да го спасуваме ова раководство на СДСМ од потопот, рече Димитриевски

Sase Ivanovski

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Sase Ivanovski

Ковачевски: Јасно ни е дека партијата треба да се менува, за да ја вратиме довербата

Sase Ivanovski

Мицкоски: Банди на ДУИ нудат пари

Sase Ivanovski

Бектеши: Постои документ на кој се потпишани и Таравари и Ахмети, во кој пишува дека нема да прават коалиција со партија која нема да ги направи уставните измени

Sase Ivanovski

Филипче: Активистите се мобилизираат.Да ги подигнеме главите и да продолжиме да се бориме за она во што веруваме

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ИЗБОРНИОТ ШТАБ НА ТАРАВАРИ: НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ВМРО ДПМНЕ СЕ НЕПРИЈАТЕЛИ НА АЛБАНЦИТЕ

Sase Ivanovski

СОФИСКАТА ПУБЛИКА ДОБИ ТРИ БИСА ОД ТРПЧЕСКИ И ПРИЈАТЕЛИТЕ НА КОНЦЕРТОТ „МАКЕДОНИСИМО“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ РАСПАЛИ ПО АХМЕТИ: МУ СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ ВО ПОЛИТИКАТА, ЗАТОА СЕ ОДНЕСУВА ВАКА ДИВЈАЧКИ!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Не се откажуваме, заедно со граѓаните ќе обезбедиме сигурна и просперитетна европска Македонија

Sase Ivanovski

БИТИЌИ: „Грешките во владеењето можеме да ги поправиме, но поделбите во општеството нема да ги залечиме доколку на 8-ми мај не се спротивставиме на политиките  на раздорот, на национализмот, на сеењето страв

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ: ЛОШО ГО МЕНАЏИРАВМЕ ИЗДАВАЊЕТО ПАСОШИ, ЈА ПРЕЗЕМАМ ОДГОВОРНОСТА

Sase Ivanovski

Пендаровски: Нам не ни треба враќање назад во историјата, нам ни требаат можности за младите да останат дома

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ: И МИЦКОВСКИ ЌЕ ЗАВРШИ КАКО ГРУЕВСКИ, СИТЕ ПОПУЛИСТИ ЗАВРШУВААТ ТРАГИЧНО

Sase Ivanovski

Маричиќ: СДСМ ќе се спротивстави на националистичкиот и популистички виор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ: СДСМ СЕКОГАШ РАБОТИ ВО КОРИСТ НА ДРЖАВАТА А НА СВОЈА ШТЕТА, ЗАТОА СЕ СЛУЧИ ВАКОВ РЕЗУЛТАТ

Sase Ivanovski

СДСМ: Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество

Sase Ivanovski

Мицкоски: Освоивме 20% повеќе гласови од збирот на гласовите на владините кандидати – власта на ДУИ и СДСМ е делегитимирана и после 8 мај заминува во опозиција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКСО: АКО САКА ВМРО ДПМНЕ КОАЛИЦИЈА СО НАС ЌЕ МОРА ДА СЕ ДОРЕФОРМИРА, ДА СЕ ТРГНАТ НЕКОИ КАДРИ КОИ СЕ ИЗВАЛКАНИ ОД ГРУЕВИЗМОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКСО: СО СДСМ НЕМА ШАНСИ ЗА КОАЛИЦИЈА, СО ВМРО ДПМНЕ ЌЕ ВИДИМЕ

Sase Ivanovski

Димитриевски на Сител: ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна постизборна коалиција со ДУИ

Sase Ivanovski

Ковачки: СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку противник на народот и Македонија, затоа на 8 мај да се обединиме за бројот 2 и да ги срозиме за сите криминали и катастрофални политики

Sase Ivanovski

Николоски до директорот на ТЕЦ Неготино: Од каде ти се парите за хациендата во која живееш, дали од крими тендерите на сопругата во РЕК Битола или од твојот криминал со мазут во ТЕЦ Неготино?

Sase Ivanovski

ЧУДНО ВИДЕО ОД СВЕТИ САВА ВО БЕЛГРАД: ВЕРНИЦИ СЕ КЛАЊААТ И СЕ КРСТАТ ВО ИСТО ВРЕМЕ?!

Sase Ivanovski

Ердоган: Нетанјаху, како и убијците пред него, срамно го запиша своето име во историјата!

Sase Ivanovski

Тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Тимчо Муцунски се сретна со поранешни амбасадори, презентирана платформа 1198 и побарана поддршка

Sase Ivanovski

Косово е политички феномен. Прва мнозински муслиманска земја која легализира истополови заедници. Дури неверојатно звучи

Sase Ivanovski

Бугарскиот медиум  „Фактор“ ја анализира средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со Николај Валканов, поранешниот  потпретседател на „Мултигруп“

Sase Ivanovski

Порака од Атина до македонските политичари: Спроведувањето на Преспа е услов за патот кон ЕУ

Sase Ivanovski

Белгиски медиуми: Победата на ВМРО-ДПМНЕ е крај за европскиот сон на Македонија

Sase Ivanovski

Мерко не се појави на судењето за набавка на луксузното Aуди А6

Sase Ivanovski

Ќе се крати рокот за одлучување – дисциплинските постапки за судиите нема да може да се чуваат во фиока

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЕ ЗАПАЛИ СПРАТ ОД КУЌА ПОЗАДИ УНИВЕРЗАЛНА, НЕМА ЖРТВИ И ПОВРЕДЕНИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СИНДИКАТИТЕ ПРЕКИНАА ГОВОР НА ЏОРЏА МЕЛОНИ, ПОЧНАА ДА ЈА ПЕАТ РАБОТНИЧКАТА ХИМНА

Sase Ivanovski

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме, за бојкот тие нека му ја мислат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СИРОМАВ ЧОВЕК, ЖИВ ЃАВОЛ

Sase Ivanovski

Русија ги напаѓа украинските железници за да го „парализира“ товарот со помош од Западот

Sase Ivanovski

Дилетанти во напад – Професорката Силјановска Давкова треба да им рече ФАЛА!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Дигитализацијата останува еден од врвните приоритети СДСМ, ги исполнуваме очекувањата на ИКТ индустријата

Sase Ivanovski

САМО ДА НЕ БИДЕ ПОСЛЕ КАКО ШТО КАЖА АНТЕ МАРКОВИЌ

Sase Ivanovski

АЕТМ и ВИЗА доделуваат грантови од 1000 еур за отворање на е-продавница

Sase Ivanovski

Маричиќ: Евроинтеграцијата е премногу важна цел за да се потклекне пред предизвиците

Sase Ivanovski

Тошковски во посета на ЕБР и ЕОП: Поддршка до специјалните единици бидејќи ти се првиот столб на заштитата и зачувувањето на безбедноста и суверенитетот на државата

Sase Ivanovski

Русија ѝ се закани на Полска:„Тие ќе бидат први на списокот на нашето воено планирање“

Sase Ivanovski

21 Политичка партија ја потпишаа Заложбата за заедничка акција против нелегалната сеча и уништување на шумите во Република Северна Македонија

Sase Ivanovski

Касами: Веќе е најавено дека „Влен“ ќе биде дел од наредната влада

Sase Ivanovski

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Sase Ivanovski

За 15% поскапе осигурувањето за регистрација на возилата

Sase Ivanovski

Сонот на штипјани станува реалност – браната Отиња го решава водоснабдувањето на градот

Sase Ivanovski

Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност

Sase Ivanovski

Не е точно дека директорката на Токсикологија оди на работа по 4 часа дневно и дека се паркира на влез од Клиниката, рече министерот за здравство

Sase Ivanovski

КОЛОЗОВА: ЧАО ЕУ, ДОБРЕДОЈДЕ ЕУРОАЗИЈА

Sase Ivanovski

МАЈКО МИЛА: Разбојникот кој со автомат ограби казино во Лешок е полициски службеник

Sase Ivanovski

Хаос пред градското собрание во Тирана, фрлани молотови коктели врз објектот

Sase Ivanovski

Абдиу Халили – Герасимов: Имаме заедничка цел, членство во ЕУ до 2030 година

Sase Ivanovski

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Sase Ivanovski

Унијата на млади претприемачи со повик до партиите – поголема поддршка на младите претприемачи во Македонија

Sase Ivanovski

Влошено е здравјето на Кралот Чарлс, активирана „Операцијата Менаи Бриџ“ за кралскиот погреб

Sase Ivanovski

Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ ФОН) и Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ) го организираа настанот што предизвика рекорден број на пријавени млади учесници

Sase Ivanovski

Први мај и вториот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест

Sase Ivanovski

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Sase Ivanovski

Кривична пријава против директорка на градинка во Велес, за употреба на лажен сертификат

Sase Ivanovski

Загина 20-годишно момче од Прилеп: со неговото возило се судрил со камион

Sase Ivanovski

Во Велика Британија се тестира персонализирана mRNA вакцина против меланом, која може да спречи и рак на белите дробови, мочниот меур и бубрезите

Sase Ivanovski

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за регистрација на возила, на граѓаните да им се компензираат парите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО: Тимот студенти од правен факултет од Приштина меѓу топ 3 во светот, ги победија елитните Харвард, Кембриџ, Колумбија, Оксворд и Јејл

Sase Ivanovski

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ: Пукнато парно ја поплави Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Sase Ivanovski

И Николоски од Струмица го повика Таравари да формираат влада

Sase Ivanovski

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово кадешто имаше технички проблеми

Sase Ivanovski
Вчитувам....