Украина: Руската мобилизација беше предвидлив чекор што ќе се покаже крајно непопуларен во јавноста

Руската мобилизација беше предвидлив чекор што ќе се покаже крајно непопуларен во јавноста, изјавија денеска украински претставници.

Советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак посочи дека овој потег нагласува оти војната не се одвива според планот на Москва.

Како што тој додаде, Владимир Путин очигледно се обидува да ја префрли вината за почетокот на „неиспровоцираната војна“ со Украина на Западот.

„И понатаму сè е по планот, зар не? Животот има сјајна смисла за хумор“, напиша Подолјак.

Link with us
Game bài đổi thưởng