17.8 C
Скопје
03/05/2024 18:31
МАКТЕЛ

  

     

 

Спасовски: Годинава идентификувани се осум жртви на трговија со луѓе, од кои седум се деца

      

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваше на средба со амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија, на која учествуваше со свое излагање, по што следеа прашања од страна на амбасадорите упатени до министерот Спасовски, а кои ги опфатија темите – полицијата и безбедноста, миграцијата (трговијата со луѓе) и ФРОНТЕКС.

   

Своето излагање министерот Спасовски го започна истакнувајќи го заедничкото достигнување – потпишувањето на Договорот помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија за оперативни активности спроведени од Агенцијата за гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија.

 

„Со овој договор воспоставивме одржливи, трајни решенија во справување со илегалната миграција и прекуграничниот криминал, при што почитувањето на човековите права и демократските принципи се основните принципи на кои се темели меѓусебната соработка. Имплементацијата на овој договор ќе придонесе кон ефикасно управување и справување со предизвиците од миграцијата и потенцијални идни закани, а со тоа и кон справувањето со сериозниот криминал со прекугранична димензија. Истовремено, ќе придонесе кон посигурни граници и поголема безбедност на нашите граѓани”, истакна министерот Спасовски, при што потенцираше дека досегашната соработка во справувањето со илегалната миграција покажа дека кога се работи заедно може успешно заеднички да се решат предизвиците.

   

     

Во однос на реформите во Министерството за внатрешни работи, министерот Спасовски истакна дека изминатиот период два реформски процеса го одбележаа дејствувањето на МВР.

„Гледано од денешна перспектива, двете најголеми реформи – следењето на комуникациите и реформата на разузнавачките служби ја постигнаа својата цел. Агенцијата за национална безбедност постои како посебен државен орган, изградена согласно стандардите на НАТО, а исто така функционирањето на ОТА го надмина големиот број на забелешки и недостатоци кои доведоа до масовно кршење на човековите права. Заокружувајќи ги сите параметри на овие реформи, не можам да не го споменам Советот за граѓански надзор, за чии функционирање се потребни дополнителни напори. Искрено се надевам дека Собранието ќе ги преземе неопходните активности за обезбедување на неговата функционалност”, рече Спасовски, при што како реформски зафати кои придонесоа кон поголема контрола врз работата на полицијата ги истакна воспоставувањето на Надворешниот механизам за контрола, кој се состои од две компоненти: посебното Одделение во рамки на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Надворешниот механизам за граѓанска контрола при Народниот правобранител.

Во однос на нелегалната миграција, министерот ги издвои миграциските движења на „Западнобалканската рута“, како и влијанието на руската агресија врз Украина, при што информираше за аналитичките согледувања на ФРОНТЕКС кои укажуваат дека миграцискиот притисок во регионот на Западен Балкан во текот на 2022 година е зголемен, особено на северните граници во регионот со Србија и во Австрија.

„Во текот на 2022 година, од страна на земјите вдолж Западно-балканската рута пријавени се над 178.000 илегални преминувања од мигранти на и помеѓу гранични премини, што е за 75% повеќе од истиот период во 2021 година”, истакна министерот Спасовски.

Во таа насока, министерот Спасовски ги информираше амбасадорите дека безбедносната состојба на државните граници во моментов генерално е поволна, а како главни предизвици ги издвои илегалното минување, криумчарењето мигранти и секундарните движења на мигрантите, но, како што рече министерот Спасовски, не се регистрирани посериозни загрозувања на јавниот ред и мир и јавното здравје како резултат на мигрантската криза.

„Во првите десет месеци спречени се 22.806 обиди за илегално преминување на границите или речиси пет илјади обиди повеќе во споредба со истиот период лани. Најголем дел од обидите за илегални преминувања, впрочем како и во претходните години, се спречени на јужната граница со Република Грција – 20.858. На оваа граница забележан е пораст за речиси 30% во однос на истиот период минатата година. Во однос на земјата на потекло на мигрантите при спречените обиди, доминираат мигрантите од Сирија-9.290, кои во однос на минатата година се значително зголемени, додека во првите топ пет земји се вбројуваат и мигранти од Пакистан-5.324, Авганистан-1.737, но и Индија, Мароко и Куба”, рече министерот Спасовски.

Министерот Спасовски информираше дека активностите кои се преземаа за спречување на криминалните активности поврзани со криумчарење на мигранти резултираа со откриени 89 случаи на криумчарење на 1.328 мигранти.

„Ваквиот резултат бележи значителен пораст во однос на периодот од јули до октомври 2022 година, што укажува дека криминалните групи ги интензивираат своите активности со цел да пренесат илегално што поголем број на мигранти на другата страна на границата. Карактеристично за овој период е што во три од случаите, возачите по забележување на полициските патроли, со возилата во кои ги превезувале мигрантите, предизвикале сообраќајни незгоди, при што со телесни повреди се здобиле 41 мигранти од Сирија, двајца полициски службеници и еден припадник на Армијата на Северна Македонија”, рече министерот Спасовски.

Во однос на одржување на стабилна безбедносна состојба на границите со соседните земји, но и за соодветно справување со евентуален иден масовен прилив, министерот Спасовски потенцираше дека е продолжено времетраењето на Одлуката за прогласување на кризна состојба на подрачјето на јужната и северната државна граница, што овозможува непречено користење на потребните национални ресурси и капацитети за справување со предизвикот.

„Исто така, од декември 2015 година па наваму на јужната граница континуирано се имплементира заедничката меѓународна операција и која од март 2016 година па наваму е поддржана од Европската Комисија преку имплементација на ИОМ Проектот „Специјална мерка за поддршка на Република Северна Македонија во управувањето со границите и миграциите“”, рече министерот Спасовски за акцијата во која учествуваат странски полициски службеници од Австрија, Чешка, Словачка, Унгарија, Полска, Словенија, Хрватска и – Србија).

Како еден од главните предуслови за ефикасно управување со границите и со миграциите, министерот Спасовски ја истакна ефикасната меѓународна соработка, а како главни приоритети ги издвои одржувањето и продлабочувањето и меѓународната соработка – со земјите од регионот, со земјите на транзит, потекло, со агенциите на ЕУ (во прв ред Frontex – EBCGA, Europol, EASO) и на УН (IOM, UNHCR), како и релевантни меѓународни организации (OSCE, ICMPD, DCAF, итн.).

„За таа цел се учествува во бројни меѓународни и регионални платформи, иницијативи и процеси (Салзбуршки форум, Будимпештански процес, Прашки процес, Заедничка координативна платформа, DCAF Програма за гранична безбедност, КПС ЈИЕ, итн.). Со оглед на случувањата на т.н. „Западнобалканска рута“ во последните години, најинтензивна е соработката со земјите кои се дел или во нејзина непосредна близина. Соработката е на многу високо ниво, а особено треба да се истакнат заедничките и координирани операции кои со поддршка на DCAF се реализираат во земјите од регионот и во кои учествуваат земјите – потписнички на КПС ЈИЕ”, истакна министерот Спасовски.

Во однос на ефикасните политики за реадмисија и механизмите за враќање, министерот Спасовски истакна дека тоа се области каде што се соочуваме со сериозни предизвици, а главната причина е недостатокот на договори за реадмисија потпишани со релевантните земји на потекло, но и неможност да се утврди нивниот идентитет и по официјален пат да се извршат соодветни проверки со надлежните служби во нивните матични земји.

„Досега Република Северна Македонија има потпишано 24 договори со земјите од Западен Балкан и ЕУ, како и Договор со Европската заедница. Со соседните земји, Северна Македонија има добро воспоставена оперативна соработка за реадмисија. Дополнително, имајќи предвид дека најголемиот дел од нерегуларните мигранти пристигнуваат во Република Северна Македонија најчесто од Република Грција, подобрувањето на билатералната соработка за реадмисија со Р.Грција е приоритет за земјата, па под покровителство на Проектот на ИОМ за зајакнување на капацитетите за реадмисија на Западен Балкан, се надеваме дека соработката може да се зајакне и да се потпише протокол за имплементација на Спогодбата. Покрај тоа, нашата земја направи обиди да воспостави соработка за реадмисија со одредени земји на потекло, вклучувајќи ги Исламската Република Пакистан, Арапската Република Египет и Исламската Република Иран, но, за жал, досега нема значителен напредок во оваа област”, рече министерот Спасовски.

Во однос на криумчарењето на мигранти коешто е тесно поврзано и со трговијата со луѓе, министерот Спасовски констатираше дека последниве години се зголемува бројот на домашни жртви на трговија со луѓе, кои се главно сексуално експлоатирани, а идентификувани се и присилни бракови со малолетни лица.

„Меѓутоа, факт што особено загрижува и што ја алармира потребата од енергична акција на сите нас е континуираниот пораст на деца – жртви на трговија со луѓе. Имено, годинава идентификувани се 8 жртви на трговија со луѓе, од кои 7 се деца”, рече министерот Спасовски, при што се осврна на мобилните тимови составени од претставници од МВР, МТСП и невладините организации, како успешен концепт, со цел идентификување на ранливи категории, меѓу кои и жртви на трговија со луѓе.

Во насока на исполнување на препораките на експертскиот тим на ГРЕТА, министерот Спасовски истакна дека неодамна беше формиран и Оперативниот тим за координација, следење, управување на случаи со трговија со луѓе, во кој покрај претставници од државните органи (ЈО, МВР, МТСП) учествува и претставник од здружение на граѓани.

„Сите анализи и извештаи укажуваат дека трговијата со луѓе е еден од најпрофитабилните бизниси, често поврзана со криумчарење на мигранти, трговија со дрога, тероризам. Од тие причини, во сетот на мерки кои ги преземаме, би го споменал значењето на водењето на финансиски истраги кои ги преземаме паралелно со истрагите за кривичното дело. Единствено со одземање на главниот мотив поради кои трговците влегуваат во овој бизнис, а тоа се најчесто парите, можеме да креираме ефикасен одговор на овој криминал. За таа цел, во Министерството за внатрешни работи формиравме посебна Единица за водење на финансиски истраги, која е исклучиво надлежна за идентификување и пронаоѓање на незаконски стекнатиот имот”, рече министерот Спасовски, при што ги истакна активностите во овој домен кои се водат на национално ниво: Националната стратегија за јакнење на капацитетите за водење на финансиски истраги и конфискацијата со имот, која содржи конкретни акциски планови за развој на сите институции кои се вклучени во водењето на финансиските истраги, привременото замрзнување и подоцнежна конфискација на нелегално стекнатиот имот.

    

Најново

ЃОРЃИ СПАСОВ: Силјановска е македонскиот Среќко Шоиќ

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Празниците се само потсетник дека секој ден треба да бидеме солидарни и да им помагаме на нашите социјално загрозени сограѓани.

Sase Ivanovski

ИНТЕРЕСЕН КОНЦЕПТ, ЗОШТО ДА НЕ?

Sase Ivanovski

Стојаноска: Мултиетнички Гостивар да се обедини околу ВМРО-ДПМНЕ и така сплотени да и го зададеме последниот удар на оваа криминална власт

Sase Ivanovski

Димитриевски во „Аргумент плус“ потенцира – ЗНАМ ќе се води од националните и државни интереси во  идните коалиции за влада на Македонија

Sase Ivanovski

Битиќи: Тврдам дека ако остане СДСМ на власт, во март 2025 минималната плата ќе биде 30 илјади денари

Sase Ivanovski

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

Sase Ivanovski

Мицкоски во Тетово: Подеднакво ќе работиме за развој на штипско Ново село, но и за тетовско Теарце, за струмички Куклиш, но и за тетовско Одри

Sase Ivanovski

Битиќи: Сценариото во кое ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ си ги билдаат рејтинзите не нуди ништо на граѓаните

Sase Ivanovski

Стојаноска: Не смее да дозволиме малцинство од криминалци да владее со мнозинството

Sase Ivanovski

Странските агенции за новата влада на Србија: Враќање на проруските политичари

Sase Ivanovski

Бакојани: Сите беа свесни за моите посебни врски со српскиот народ

Sase Ivanovski

НАТО: Загрижени сме поради хибридните напади од Русија

Sase Ivanovski

Турција ги прекина сите трговски односи со Израел

Sase Ivanovski

(ФОТО) Камион без возач се преврте над толпата деца во Киргистан

Sase Ivanovski

Насилни протести во Лондон против преместувањето на барателите на азил, уапсени 45 лица

Sase Ivanovski

Станбена криза во Холандија: паркинг простор во Амстердам достигна 495.000 евра

Sase Ivanovski

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Sase Ivanovski

Европски фронт: Завршниот митинг ќе се одржи на 5 мај на плоштадот во Тетово

Sase Ivanovski

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Sase Ivanovski

Најголем дел од новинарите во земјава го одбележуваат Светскиот ден на медиумите со плати под просечната

Sase Ivanovski

Операција „Пандора“ на Европол: Затворени 12 кол- центри за телефонски измами

Sase Ivanovski

Родители се испотепале поради недоразбирање на нивните деца

Sase Ivanovski

Касами: „Вреди“ ќе го одржи завршниот митинг во Тетово, Груби да не провоцира

Sase Ivanovski

Нема да ги отстранувам таблите Северна Македонија, но ќе го употребувам само Македонија, истакна Силјановска

Sase Ivanovski

Држава со посебни потреби!

Sase Ivanovski

Пендаровски не ја извисил Силјановска. МТВ го поканила, но од неговиот тим им одговориле дека понудените термини не им одговараат

Sase Ivanovski

Тренчевска: Не ја казнувајте државата заради тоа што одредени функционери грешеа, зад нас имаме сериони резултати

Sase Ivanovski

Одлучено е да се вратат старите цени на осигурителните полиси при регистрација на возила

Sase Ivanovski

Путин им додели ордени на тинејџерите кои спасувале луѓе за време на нападот на Крокус

Sase Ivanovski

Џабир Дерала добитник на германската награда – Солидарност за новинари од Југоисточна Европа за 2024 година

Sase Ivanovski

САД соопштија дека случајно убиле цивил за време на напад со дрон во Сирија

Sase Ivanovski

Маричиќ: Сега е потребно да дадеме глас ЗА продолжување на преговорите со ЕУ

Sase Ivanovski

Не стивнува интересот за купување станови, зголемена побарувачка на станови во Штип

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Нина Шерифовска од Малиќи Груп со препорака за развој на женско претприемништво

Sase Ivanovski

Гоце Цветановски: Продадов стан за да го направам првиот наш долгометражен цртан филм

Sase Ivanovski

ЗА ЕДНА ГОДИНА “СЕ РАЃААТ” ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

Sase Ivanovski

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

Sase Ivanovski

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

Sase Ivanovski

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

Sase Ivanovski

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Sase Ivanovski

ИНТЕРВЈУ САЊА БОЖИНОВСКА: Инфлацијата и истрошениот буџет се најголемите предизвици со кои на стартот ќе се соочи новата влада на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

ВИДЕО: СИЛЕН НАПАД ВРЗ ОДЕСА Ракетите пристигнаа веднаш штом Украина доби нова муниција

Sase Ivanovski

ВИДЕО: „НАЈГОЛЕМИ ДЕМОНСТРАЦИИ ОД ВИЕТНАМ ПА НАВАМУ“ Бројот на уапсени студенти во САД надмина 300

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Кампања на „Барби“: Како општеството создава јаз во соништата помеѓу девојчињата и момчињата

Sase Ivanovski

ГАЛЕРИЈА: Највредните фрески во историјата на уметноста (прв дел)

Sase Ivanovski

„ЏОНСОН И ЏОНСОН“ ПРИФАТИ ДА ПЛАТИ ОТШТЕТА ОД 6,5 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ 100.000 жени ја тужат дека добиле рак на јајници од нејзината пудра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТИТО ПЕТКОВСКИ ГО БРАНИ МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: НИТУ ЈАС 2006-ТА, НИТУ СЕГА МАКСИМ Е КРИВ ЗА ПОРАЗОТ НА СДСМ!

Sase Ivanovski

Спасовски не отфрла коалиција со ДУИ, иако знае дека граѓаните им замеруваат – го осуди скандирањето „УЧК, УЧК”

Sase Ivanovski

Пендаровски: Ќе продолжам да работам за стабилност на меѓуетничките односи, како гаранција за безбедност на државата

Sase Ivanovski

Пендаровски: Неодговорно и опасно е да се игра на картата на национализам

Sase Ivanovski

ФУРКАН САЛИУ: Знам дека е тешко кога на Македонец ќе му го спомнеш Учк, но тоа име веќе е дел од поновата историја и не смее да биде табу тема

Sase Ivanovski

Ковачевски: Преголема моќ кај десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ значи крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и на независното судство

Sase Ivanovski

Европски фронт: Граѓаните сами одлучуваат како ќе го искористат правото на глас на претседателските избори

Sase Ivanovski

Ковачевски: Сетете се на 11те години заробена држава, заробени медиуми, замолчани вработени во јавен сектор и истепани студенти

Sase Ivanovski

Пендаровски: Запрепастен сум од реториката на Силјановска во однос на настаните од 2001 година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ: ЌЕ СЕ ОБИДЕМЕ ДА ГО СПРЕЧИМЕ ПОНАТАМОШНОТО ДОСЕЛУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ, СО ПРОЕКТ КУПИ КУЌА, СО СУБВЕНЦИЈА ОД 50%, ЌЕ ОХРАБРИМЕ КУПУВАЊЕ КУЌИ НАДВОР ОД СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Лимани: Судот ја прифати жалбата на коалицијата „Вреди“ за „бугарскиот воз“ во Липково

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ: НАЈГОЛЕМ ФИНАНСИЕР НА СДСМ Е БЕЛОРУСКИОТ КОНЗУЛ БОРЧЕ МАРКОВСКИ ОД БИТОЛА КОЈ МЛАТИ МИЛИОНИ ОД РЕК БИТОЛА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ: ЗА ПРВ ПАТ ПО 30 ГОДИНИ, ВМРО ДПМНЕ ПОБЕДИ ВО УРБАНИ СРЕДИНИ, ДО СЕГА БЕВМЕ ПОБЕДНИЦИ САМО ВО СЕЛАТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ: МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ САКА ДА БИДЕ ЛИДЕР НА СДСМ, ЗНАМ Е САМО ПРИВРЕМЕНА ПАРТИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ: ДУИ ЗА НОСИТЕЛ ВО ТРОЈКАТА СТАВИ ОЏА, ТОА ГО НЕМА НИТУ ВО ТУРЦИЈА

Sase Ivanovski

Младеновска: Ќе издадеме решение за забрана за пристап на Токсикологија за здравствените работници без договор за работа

Sase Ivanovski

Ковачевски: Мојсовски секако нема да биде директор на АМС по 8 мај, без разлика дали јас ќе бидам премиер или не

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО: АЦО НИКОЛОВСКИ КОЈ Е 20 ГОДИНИ ПРАТЕНИК ГИ НАРЕЧЕ ВЕНКО И ПЕНДАРОВСКИ ЏАБОЛЕБАРИ?!?!

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Членството во НАТО и во ЕУ и стабилни меѓуетнички односи – ова ќе бидат трите клучни столбови на кои ќе се фокусирам и во следните пет години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ ГО ОБВИНИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДЕКА ЗЕМАЛ ПРОВИЗИИ ОД ВАКЦИНИ?!?!

Sase Ivanovski

Мицкоски: На крајот на паметот не ми паѓа било каква коалиција со ДУИ по изборите

Sase Ivanovski

Филипче: Предлогот на Димитриевски е алиби да ја оправда коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ 

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ: ПОБЕДИВМЕ И ВО СТРУМИЦА НО И ВО МУРТИНО!

Sase Ivanovski

ПЛАТИТЕ ОТИДОА ДО ПЛАФОН: КАМ МАРКЕТИ ДАВААТ 50 000 ДЕНАРИ ПЛАТА ЗА МАГАЦИОНЕР?!

Sase Ivanovski

ПРАЗНИЧНО РАБОТНО ВРЕМЕ НА КАМ МАРКЕТИТЕ ШИРУМ ЗЕМЈАВА

Sase Ivanovski

Во пресрет на велигденските празници, а како дел од бенефицијата за вработени (пакет производи за верски празници, согласно вероисповест), КАМ на своите вработени им додели пакет со производи, со што им го честита најголемиот христијански празник Велигден

Sase Ivanovski

Мицкоски: Од 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините дел ќе се инвестира и во општините во западна Македонија

Sase Ivanovski

Ковачевски: Со СДСМ, Македонија влезе во ООН, стана членка на НАТО и отвори преговори со ЕУ

Sase Ivanovski

И ВУЧИЌ СЕ ПРЕТЕРА СО ВЕТУВАЊАТА

Sase Ivanovski

БАКСУЗ НА ДЕНОТ: СРБИН ЗАГИНА ОД УДАР ВО БЕТОНСКИ КРСТ?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ: ФИЛИПЧЕ ИГРА НЕФЕР, ДЕНОВИВЕ МАСОВНО ЛЕЧИ НАРОД ОД ЦЕЛА ДРЖАВА ЗА БЕСПАРИ, КАКО ДА СЕ БОРАМ СО ТОА?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тито Петковски: Според реториката на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не ми е јасно дали одиме на избори или во војна

Sase Ivanovski

Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред

Sase Ivanovski
Вчитувам....