7.8 C
Скопје
06/05/2024 06:35
МАКТЕЛ

  

     

 

Како (не) треба да се известува за самоубиство: Препораки и примери

      

   

Фото: Jeswin Thomas on Unsplash
Во случаите кога има јавен интерес да се известува за самоубиство, новинар(к)ите треба да ја искористат можноста за едукација на јавноста и за разбивање на митовите и предрасудите, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

 

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

   

     

Во првиот дел – (Не)етичко известување: Дали медиумите влијаат на бројот на самоубиства? – ги покренавме и прашањата

„Дали треба да се известува за секој случај на самоубиство?“,
„Дали треба да се известува за причините за самоубиство?“,
„Дали новинар(к)ите треба да се вклучат во борбата за превенција од самоубиства?“.
Во вториот дел – Како (не) треба да се известува за самоубиство: Воздржете се од сензационализам! – укажавме зошто медиумите не би требало да бидат „copycat“ на МВР, дека не објавуваат прецизна статистика и дека етичкото известување е неспоиво со сензационализмот. Во третиов дел посочуваме конкретни препораки за одговорно известување и даваме примери за неодговорно известување од страна на македонските медиуми.

Едукација на јавноста
Самоубиството никогаш не е резултат на само еден фактор или настан

(Прирачник на СЗО)

Во случаите кога има јавен интерес да се известува за самоубиство, новинар(к)ите треба да ја искористат можноста за едукација на јавноста и за разбивање на митовите и предрасудите. Притоа, самоубиството не треба да се претставува како резултат на еден настан или една причина. На пример, во текст со наслов „За два дена две самоубиства“ претставено е самоубиство како резултат на еден „бизарен“ настан:

…животот си го одзел најверојатно по една вообичаена семејна расправија за тоа дали таткото ќе му го даде автомобилот или не.

Неетичкото известување продолжува и во следната реченица, наспроти препораките да се избегнува експлицитно опишување на методот на самоубиство:

Откако таткото одлучил да не му го даде автомобилот на својот син, момчето отишло во другата соба, ја зело пушката и пукало во себе.

За разлика од едното самоубиство (кое е „разрешено“, „иако засега нема официјална потврда за причините“) , другото самоубиство е претставено како мистериозно, наспроти препораката да не се опишува самоубиството како необјасниво или „без предупредување“: „Никој точно не може да каже кои се причините за смртта на…“, „Вистината за смртта студентот ја однесе во гроб“.

Нема „успешно“ самоубиство
Избегнувајте јазик со кој се сензационализира или нормализира самоубиството или истото се претставува како решение за проблемите

(Прирачник на СЗО)

Употребата на фразата „неуспешно самоубиство“ претпоставува дека самоубиството е успех. Исто така, наместо изразот „епидемија на самоубиства“, препорачливо е да се користи изразот „зголемена стапка“, особено кога се известува за „земјата што претходно имаше една од најниските стапки на самоубиства во целиот свет“. Се препорачува да се избегне и објавување на изрази како „Македонците се рекордери во труење со …“, „место со највисока стапка на самоубиства во светот“, „градот под Пелистер беше на самиот врв по самоубиства во Македонија“ и слично.

Наместо полициски фрази кои го претставуваат самоубиството како феномен од областа на криминалот, треба да се користи едукативен речник кој пренесува порака дека самоубиството е значаен проблем на јавното здравство. Оттаму, не се препорачува ниту метафоричната употреба на зборот „самоубиство“ во политички контекст, како во фразата „политичко самоубиство“.

Во никој случај не се препорачува да се претставува самоубиството како „решение“ или „спас“, како во насловот „Самоубиството – спас од проблемите“.

Чаршијата не смее да се користи како извор
Новинар(к)ите треба да се воздржуваат од потпирање врз чаршиски извори или шпекулации:

Низ чаршијата се слушаат различни верзии околу неговиот мотив, се споменуваат зависности, но вистината веројатно отиде во гроб со несреќното момче.

Наместо цитирање или интервјуирање на сведоци или полициски извори, се препорачува да се побара совет од експерти за превенција на самоубиство.

Треба да се биде особено внимателен кога извори на информации се најблиските. Непрофесионално е врамување во наслов на сензационалистички шпекулации за исчезнато лице („Можеби се самоубила?“) како и објавување информации од медицинското досие. Треба да се избегнува и сензационалистичко врамување на експертски мислења, како што е поднасловот „Самоубиството не може да се спречи!“. Новинар(к)ите треба да се воздржуваат и од објавување на контроверзни „експертски“ тврдења:

„…психолог, при центарот за социјални грижи, вели дека самоубиствата е сезонска појава, но големо влијание има и созвездието.“

Внимателно со детални описи!
Новинар(к)ите треба да се воздржуваат од детални описи на жртвата (особено ако не станува збор за јавна личност) и на методот на самоубиство, затоа што деталното известување може да претставува поттик и други луѓе да го копираат опишаниот метод. Ако се известува за случај на предозирање на некоја јавна личност, се препорачува да не се известува детално за природата, квантитетот, комбинацијата на земени дроги или начинот на кој се набавени.

Кај нас, премногу често се објавуваат имињата, презимињата и други лични податоци за жртви на самоубиство кои не се јавни личности, а за методот на самоубиство сензационалистички се известува уште во насловот. Неретко се посочуваат детали и за средството со кое е извршено самоубиството (објавување марка на пиштол, „бренд“ на хемикалија, вид и квантитет на злоупотребени лекови или дрога, итн.).

Не треба да се рекламираат „популарни“ места за самоубиство
Не наведувајте детални информации за местото на извршеното самоубиство или обид за самоубиство

(Прирачник на СЗО)

Деталното или сензационалистичко известување за „самоубиствени локации“ може да биде сфатено како нивна медиумска промоција. Непрофесионално е метафорично да се претставуваат таквите локации како „магнет“.

Видеа, фотографии, проштални пораки, содржини од социјални мрежи
…Не треба да се користат слики од лицето кое извршило самоубиство. За користење визуелни слики мора да добиете експлицитно одобрение од членовите на семејството…

(Прирачник на СЗО)

Во македонските медиуми се почесто се објавуваат фотографии, видеа или проштални пораки на жртви на самоубиство, дури и на малолетни жртви. Во одредени случаи, се објавуваат крајно несоодветни фотографии. На пример, сензационалистичкиот наслов „Се самоуби пациент во штипската болница – се обесил со болнички завој“ е илустриран со фотографија со јаже-бесилка. Притоа, се даваат податоци од историјата на болеста на пациентот, од што боледувал, од што бил опериран, и каде живеел.

Уредниците треба да бидат особено внимателни при изборот на фотографии, затоа што и самата фотографија може да сугерира на самоубиство. За жал, медимски „тренд“ станува и објавување видеа и фотографии од социјалните мрежи на жртви, нивните проштални пораки и пораки на лица кои најавуваат самоубиство.

Едно од најтешките кршења на професионалните новинарски стандарди беше објавувањето на „самоубиство во живо“ на осомничено лице гонето од полиција, од страна на една американска ТВ. Некои домашни портали објавија сензационалистички написи дека малолетните деца на жртвата ја тужат ТВ-станицата зошто дозволила во живо да го гледаат самоубиството на нивниот татко. Со објавувањето на спорното видео (особено со сензационалистичкото врамување „СМРТ ВО ДИРЕКТЕН ПРЕНОС“) и нашите медиуми станаа директни соучесници во непочитувањето на личната болка и жалост на децата за кои известуваа.

Пишува: Жарко Трајаноски, м-р по човекови права

    

Најново

Руски беспилотни летала повредија 6 лица во украинските региони Харков и Днепар

Sase Ivanovski

Израел ги информираше САД за планот за евакуација на палестинските цивили пред потенцијалната операција во Рафах

Sase Ivanovski

Силјановска не признава два победника на изборите

Sase Ivanovski

Петровска тајно помагала во подигнување на спомен плоча на бранител

Sase Ivanovski

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

Sase Ivanovski

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

Sase Ivanovski

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

Sase Ivanovski

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

Sase Ivanovski

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

Sase Ivanovski

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

Sase Ivanovski

ЈА ИЗВЕСТИВ МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА Мицкоски вели дека ДУИ во првиот круг полнела гласачки кутии

Sase Ivanovski

ТИНЕЈЏЕР ВЛЕЧЕЛ И ГРЕБЕЛ ПОЛИЦАЈЦИ Не им дозволувал да приведат побегнат затвореник

Sase Ivanovski

ИЛОН МАСК Е ТРЕТ Бернар Арно е најбогат во светот

Sase Ivanovski

ЌЕ ГИ ЗАБРАНИМЕ БРЗИТЕ КРЕДИТИ Апасиев предлага и поголем данок за богатите

Sase Ivanovski

Светска програма за храна на ОН: Луѓето во северниот дел на Појасот Газа се соочени со „целосно гладување“

Sase Ivanovski

Владина делегација присуствуваше на свечената Велигденска литургија во соборниот храм Св. „Климент Охридски”

Sase Ivanovski

Грковска: Посакувам мудрост во сѐ што зборуваме и сѐ што правиме за доброто на сите

Sase Ivanovski

Двапати неделно ќе има летови од Скопје до Рига со Ер Балтик

Sase Ivanovski

„Јазикот е наша татковина“: Најубавите стихови напишани на македонски јазик

Sase Ivanovski

Нема напредок во разговорите меѓу Хамас и Израел со посредниците во Каиро

Sase Ivanovski

Турскиот министер Фидан повика на глобално муслиманско единство за поддршка на Палестинците

Sase Ivanovski

Израелската Влада одлучи да ги затвори претставништвата на Ал Џезира во Израел

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пожар во казино во Охрид

Sase Ivanovski

Сарачини: Излези и гласај, биди вистински сопственик на својата држава

Sase Ivanovski

Над 30 претставници на украинските медиуми остануваат во руско заробеништво

Sase Ivanovski

Украинско МНР: Распишаната потерница за Зеленски е доказ за очајот на рускиот државен врв и пропаганда

Sase Ivanovski

Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам

Sase Ivanovski

Семејствата на заложниците го повикуваат Нетанјаху да обезбеди договор за примирје

Sase Ivanovski

Северна Македонија доби пофалби за напорите во заштитата на жртвите на семејно насилство

Sase Ivanovski

Битиќи: Да се издигнеме над ривалствата и поделбите, да бидеме одлучни за европската иднина на Македонија

Sase Ivanovski

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Sase Ivanovski

Ковачевски: Со ВМРО на власт нашето сточле во Брисел во 2030 ќе остане празно, а тие ќе ги обвинуваат граѓаните, соседите и ЕУ

Sase Ivanovski

За македонските идентитетски обележја не се преговара со никого и никаде, вели министерката Костадиновска-Стојчевска

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на нашиот културен идентитет

Sase Ivanovski

Апасиев: Левица предлага прогресивен данок, богатите ќе плаќаат повеќе од работниците

Sase Ivanovski

Пукање среде ресторан во Тетовско, нема повредени

Sase Ivanovski

Дете ја нападнало мајката и братот

Sase Ivanovski

Касами: Има заплашување и притисок врз гласачите од структури во полицијата

Sase Ivanovski

Пендаровски: Мицкоски е политички наследник на Ванчо Михајлов

Sase Ivanovski

Заев: Со договорите кои ги склучивме со соседите всушност започнавме нова етапа од негувањето, употребата и промоцијата на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

Тренчевска: Родител 1 и родител 2 постојат само во манипулативните умови на ВМРО-ДПМНЕ, а не кај мене или во СДСМ

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ: На гости во мојот дом беше другарот Фатмир Битиќи, по повод празникот Велигден, Христово Воскресение. Му посакувам здравје низ целата година

Sase Ivanovski

Името, идентитетот, историјата и традицијата не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата – вели митрополитот Агатангел

Sase Ivanovski

Овации за Албанскиот театар и „Диво месо” во Тирана

Sase Ivanovski

Скандалозна порака на владиката Петар, како народот да гласа на изборите

Sase Ivanovski

НАУЧНИЦИ ОТКРИЛЕ ОРАНГУТАН КОЈ ЗНАЕ ДА КОРИСТИ ЛЕКОВИ ОД ТРЕВА ЗА ДА ЛЕЧИ РАНИ НА ЛИЦЕТО

Sase Ivanovski

Антикорупциска: Формирани се 45 предмети поврзани со изборите

Sase Ivanovski

Му дале полна торба ливчиња – Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани

Sase Ivanovski

Трагедија го потресе Скадар: Мајка монструм се фрли со трите деца во реката Бојана, најверојатно ги убила сите три деца!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕПРИСТОЈНО ДОФРЛАЊЕ ОД ПУБЛИКА НА НАСТАН НА ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ: ВМРО ДПМНЕ ТРЕБА ДА ПОРАБОТИ НА ЕМАНЦИПАЦИЈА НА СВОЕТО ЧЛЕНСТВО

Sase Ivanovski

МУ УДРИЈА РЕМЕТ НА МАКСО НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Sase Ivanovski

ОВАА ВЕСТ НЕ Е ПАРОДИЈА: СО ПОСРЕДСТВО НА МВР И ОБСЕ, ДОГОВОРЕНО Е НА ПЛОШТАДОТ ВО ТЕТОВО ЗАВРШНИОТ МИТИНГ НА ДУИ ДА БИДЕ ВЕЧЕРВА, А НА ВРЕДИ В ПОНЕДЕЛНИК

Sase Ivanovski

НИКОЛОВСКИ: Традиционално како и секоја година меѓу народот, во Градец на овој голем христијански празник Велигден

Sase Ivanovski

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ВЕЛИГДЕН ГО ДОЧЕКА СО ЗАЕВИ ВО СТРУМИЦА: Христос воскресе! Ви посакувам здравје, среќа, љубов, мир и спокој за вас и вашите најблиски

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Нов здравствен дом во Илинден. Промените на дело. По 8 мај уште посилно за Македонија!

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Денеска се поклонивме на македонскиот великан Гоце Делчев со желба за национално обединување, општествено обединување

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Во посета на Свети Јован Крстител во Капиштец. За здравје и спасение. За многу години!

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ: Гоце Делчев – син на Македонија, двигател на македонскиот цивилизациски напредок

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ: Христос воскресе! Заедно со верниците од мое Куманово во црквата „Свети Никола”, на полноќ

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Благодарност до семејството Илоски од струшко Враништа за нивното топло добредојде

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: По повод големиот христијански празник Велигден со Бети и Оги присуствувавме на свечената литургија во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ЗА ВЕЛИГДЕН ВО БИГОРСКИ Е ВИСТИНСКИ СПЕКТАКЛ

Sase Ivanovski

Пендаровски од Центар: Единствен начин Силјановска да победи на дуел е да настапи сама на дуел

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на македонскиот јазик низ вековите конечно добива своја рамка и се формализира

Sase Ivanovski

ЗМИИ ЌЕ ГИ ИЗЕДАТ СКОПЈАНИ ДОДЕКА ДАНЕЛА ТЕРА КАМПАЊА ЗА ПРАТЕНИК: СКОПЈЕ ОБРАСНА СО ТРЕВА, ДОЦНИ И ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ОТИ ПРОПАДНА ТЕНДЕРОТ – ФОТОГАЛЕРИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВОЈ КОЛКУ ЛИ ПЛАТА ЗЕМА АКО ТРЕБА СО ГЛАВАТА ДА ВЛЕЗЕ ВО ПЕЧКАТА?!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

Sase Ivanovski

Ковачевски: Историјата покажала дека само со СДСМ земјата се движи напред и има просперитет

Sase Ivanovski

Ковачевски: СДСМ никогаш нема да се откаже од идејата европска Македонија, ќе работиме сè додека таа цел не стане реалност

Sase Ivanovski

Арсовска: Мир, спокој, здравје и љубов за сите, честит Велигден

Sase Ivanovski

Мицкоски: Не се плашиме од заканите на ДУИ, тоа се закани во немоќ

Sase Ivanovski

Ковачевски: Ако ДПМНЕ се дограбат до власт, можеме да се збогуваме со ЕУ, ќе нè изолираат и ќе нè скараат со сите

Sase Ivanovski

Маричиќ: Сите наши државнички одлуки го издржаа тестот на времето, СДСМ е достоен наследник на делото на Делчев, на придобивките од АСНОМ и НОБ и на Киро Глигоров

Sase Ivanovski

Касами му врати на Ахмети: Албанските гласачи ќе ти дадат нокаут на 8-ми мај, фатен си од синдромот на Мендух Тачи

Sase Ivanovski

Мицкоски: Не би се изненадил ако имаме 61 пратеник

Sase Ivanovski

ЌЕ ИМА ЛИ ПРЕСВРТ НА ФРОНТОТ ВО УКРАИНА: ЗА ПРВ ПАТ УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ИСПАЛИ АТАКМС РАКЕТИ, УБИЕНИ СЕ НАД 100 РУСКИ ВОЈНИЦИ ВО ТРЕНИНГ КАМП НА 100 КИЛОМЕТРИ ОДАЛЕЧЕНОСТ ОД ФРОНТОТ ВО ЛУГАНСК

Sase Ivanovski

Зеленски по повод Велигден, ги повика Украинците да се обединат во молитвите

Sase Ivanovski

МАКСО Е ЦАР ЗА ПР!

Sase Ivanovski

Притвор за осомничен за спречување на полициски службеници да фатат побегнат затвореник

Sase Ivanovski

Силјановска-Давкова: За христијаните нема поголем празник од Велигден

Sase Ivanovski
Вчитувам....