Aктер од Битола се пожали на фејсбук дека напишал статус кој минискерата за култура сметала дека е заканувачки и бил викнат на распит во полиција
Актерот во Битолскиот театар Васко Мавровски вчера бил повикан во полиција затоа што министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска го пријавила во МВР, тврди самиот актер во објава на Фејсбук. Актерот тврди дека министерката за култура се пожалила дека негово споменување на зборот „продолжителен кабел“ во пост на Фејсбук укажува на можна закана за нејзиниот живот.
,,Почитувани, би сакал да ве известам дека синоќа во 21:30 часот од страна на двајца полициски службеници бев повикан под итно да ја напуштам пробата во НУ Народен театар Битола за да ми биде врачен некаков документ. Иако за нас актерите пробата е свет чин, бев приморан да го напуштам објектот. Пред влезот на НУ Центар за култура во период кога публиката ја напушташе кино проекцијата, полицијата ми даде да потпишувам покана за информативен разговор во полициската станица со напомена дека веднаш треба да бидам спроведен.
По кратко натегање прифатија сам да се пријавам во рок од 20 минути. Заедно со мојот адвокат се пријавив во полициската станица и ми беше соопштено дека министерката за култура во полициската станица во Кисела Вода пријавила дека таа и нејзиното семејство чувствуваат дека нивниот живот е загрозен поради споменувањето на „продолжен кабел” во мој пост на Фејсбук неколку часа претходно. После 40 минути распит и давање на изјава од моја страна бев ослободен од страна на полицискиот службеник”, објави Мавровски на Фејсбук.
Во својот претходен пост, актерот Мавровски реагира на мерките за штедење струја во театарот и во него спомнува „продолжителен кабел“:
Инаку на интернет можат да се видат повеќе прес конференции на Васко Мавровски од партиската говорница на ВМРО ДПМНЕ Битола, тој изгледа е портпарол на партијата во Битола.