16.8 C
Скопје
02/05/2024 11:15
МАКТЕЛ

  

     

 

ИНТЕРВЈУ | Влатко Стефановски-Рамче: Горд сум што го донесов Онишченко во Македонија

      

Влатко Стефановски-Рамче, од коњичкиот клуб Дона, е човекот кој во земјава го донесе Олександр Онишченко за да настапува за македонската коњичка репрезентација. Тој во интервју за „Слободен печат“ ги објаснува сите околности за пристигнувањето на Онишченко во државата, содржината на договорот што ја имал коњаникот со клубот Дона, но зборува и за обвинувањата кон него дека сакал да инсталира руска шпионска мрежа во Македонија, наспроти НАТО заложбите на државата. За овие тврдења тој вели дека се Џејмс Бонд филм, кој е невистинит.

   

Како, кога и зошто стапивте во контакт со Олександр Онишченко? Стефановски: Мојот драг пријател, репрезентативец и член на коњичкиот клуб Дона, кој за Македонија има три финалиња на светски првенства, во Америка и две во Белгија, се има пласирано во финале за Европско првенство. Во периодот од последните пет години, Лука Заложник има освоено 44 први места на CSI турнирите со пет ѕвезди. Покрај Лука Заложник, многу успешни јавачи од светот доаѓаат во контакт со мене, а таков беше случајот и со Онишченко. Претходно за Онишченко сум слушал како за успешен јавач. Тој е еден од најдобрите во светот и четири пати се има пласирано на Олимписки игри и направи сензација во коњичкиот спорт со украинската екипа. Горд сум што имам таков пријател јавач. Така за првпат дојдов во контакт со Онишченко бидејќи тој со Лука Заложник се знаеше од претходно. Имавме идеја и сон, да направиме квалитетна репрезентација и за олимпијадите и за европските и за светските првенства. Оваа идеја е од одамна, сме ја дискутирале и со Тупурковски на кого сум му благодарен што го поддржа стартот на оваа идеја. За мене беше голема чест да стапам во контакт со Онишченко. Ако зборуваме со фудбалска терминологија, тоа беше за мене, како да сум се сретнал со претседателот на Реал Мадрид или Барселона и уште искажа став дека сака матичниот клуб да му биде во Македонија и да се натпреварува. Името на Онишченко во коњичкиот спорт е како да го донесете Рафаел Надал или Ѓоковиќ во Македонија. Така почна таа соработка.| Кога? Стефановски: Тоа беше пред три години, ‪2019-2020 година во екот на короната.

 

Престоите на Онишченко во Македонија | Каде првпат го видовте Онишченко? Стефановски: Долго време се слушавме на телефон. Првата средба ни беше кога дојде во Македонија зимата 2020 година.| Како дојде, дали е точно дека дошол со приватен авион? Стефановски: Не, дојде со нискобуџетен лет од Кроација преку Загреб. Последниот пат кога дојде, картите му беа од Визер. | Колку време остана кога дојде првиот пат? Дали тогаш разговаравте за договорот кој ќе го потпише со коњичкиот клуб Дона? Стефановски: Мислам дека остана два дена и во тие два дена го склучивме договорот меѓу него и коњичкиот клуб Дона. Во договорот, како што и претходно разговаравме на телефон, стои дека Онишченко наредните два олимписки циклуса ќе настапува за Македонија на олимпијади и турнири за освојување на норма за олимпијади. Исто така во договорот пишува дека несебично ќе ги претставува клубот и државата и дека се обврзува на располагање да ги стави своите стручни знаења, да обезбеди тренери кои ќе дојдат во Македонија кои ќе работат со нашите деца од Македонија. Исто така, тој ги стави на располагање неговите ресурси во Германија, шталата, терените за јавање, неговите тренери и коњи кои се едни од најврвните во светот и нашите деца ќе може да одат на тренинг кампови во Германија и сето тоа ќе биде покриено финансиски од Онишченко. И пишуваше во договорот дека со неговите коњи децата ќе може да настапат на националните турнири во Германија, бидејќи кај нас зимскиот период е ,,мртов” бидејќи немаме каде да јаваме. Понатаму се обврза да работи сое деца од 10 до 15 години за да се селектираат од нив идни јавачи кои ќе можат да ја претставуваат Македонија на европски, светски и балкански првенства и Олимпијада. Идејата на договорот е да се изгради една нова генерација на јавачи. Тоа е договорот, друг договор нема.

Статија за Онишченко во германски весник/Фото: Лична архива

   

     

| Дали некогаш ги донел коњите во Македонија? Стефановски: Не, ние ги имаме на располагање коњите во Германија. | Колку деца досега ја имаат искористено оваа великодушна понуда на Онишченко? Стефановски: Бидејќи сега го доби државјанството, сега почна да се натпреварува за Македонија. Јас сум горд што го освои петтото место во Сен Тропе. Таму е сликан со Рафаел Надал. Слободно може да го поканат политичарите Рафаел Надал, па да видиме дали ќе дојде во Македонија. Онишченко и Рафаел Надал се пријатели. Ако на некого не му се допаѓа Парис Хилтон да навива за Македонија, тоа е исто така негов проблем. Заврши сезоната на натпревари во Македонија пред две недели. Па се отвори можноста, веќе се поделени стипендиите од Онишченко за 14- дневни кампови во Германија на трите најдобри јуниори и на уште тројца јавачи деца. После тоа ќе имаме обуки за останатите јавачи. Во моментот кога го склучувате договорот со Онишченко, тој нема државјанство. Државјанството му треба, за да може да се реализираат работите утврдени во договорот, да ги дава стипендиите, да настапува за Македонија. Кога го направивте договорот, како изгледаше процедурата за Онишченко да добие државјанство? Стефановски: Тој имаше и адвокати со него. Процедурата е на следниот начин. Секој има право да поднесе барање за државјанство. Ние даваме само мислење и молби да му се излезе во пресрет и да се одговори позитивно. Барањето не го поднесува ниту федерацијата, ниту олимпискиот комитет туку барањето е секогаш од лично име, од името на Онишченко. Ние не поднесовме барање туку напишавме молба до МВР, да му се излезе во пресрет на барањето на Онишченко, му ги наведовме спортските резултати, спортското сиви, наведено е дека со тоа ќе помогне во развојот на спортот и на младите генерации во Македонија. | Колку пати тој има дојдено во Македонија?Стефановски: Трипати. | Каде престојува кога доаѓа во Македонија?Стефановски: Обично му резервирам во хотели, во хотел Парк, хотел Хилтон, каде има слободна соба таму. Кога доаѓа тука цело време сум со него.| Тогаш како тој заврши регистриран за државјанство на адресата во Пржино, во жолтата куќа?Стефановски: Му требаше адреса, јас му ја најдов адресата. Му требаше за закуп. По моја препорака, јас ја најдов таа адреса за да може таму да престојува. Има изнајмено стан под кирија во хостел. Додека се реновира тој хостел, Онишченко престојува под кирија на таа адреса по моја лична препорака. Луѓето кај кои престојува се мои пријатели.

За црната листа и аплицирањето за македонско државјанство| Дали знаевте кој е Онишченко, надвор од коњичкиот спорт, во смисла дека е на црната листа на САД?Стефановски: За црната листа, реално не сум знаел. Ама и да сум знаел, не ми пречи. Се гордеам што имам таков пријател уште еднаш ќе повторам, така што многу не ми значи што е на црна листа. Кога може кај нас половина влада и половина политички партии раководствата да се на црна листа… Ако се толку доблесни, а се мешаат во кредибилитетот и во спортот, ако тие ги растурат коалициите со своите коалициски партнери и ги избркаат функционерите што се на црна листа кај нив, и јас ќе се откажам од Александар Онишченко. На пример, опозицијата, да побара по истиот член 14, да владата ја повлече одлуката за државјанството на Субрата Рој и на триесет и петте Индијци, кое им го дадоа за седум дена, а имаше кривична пријава за него. И штафета му носеа. Еве ја повикувам владата да поведе истрага за државјанството на Субрата Рој. Уште може да се ревидира тоа државјанство. Тоа јавно го кажувам. Кога дојде моментот Онишченко да треба да стане дел од безбедносните процедури, значи да се проверува во МВР, во АНБ, дали вие им дадовте на МВР и на АНБ некои сознанија за неговиот не-коњички бекграунд? Стефановски: Не, тие можат него да го прашаат, не мене. Не сум знаел, ниту пак ме интересираат тие делови од Википедија и Гугл што пишува. Зарем некој го праша, претседателот на Барселона за Меси зошто игра за Барселона кога е кривично осуден? Или зошто Манчестер потпиша договор со Роналдо, а имаше истрага за силување? Не гледам така. Ги гледав препораките и неговите фотографии со Кличко. Кога браќата Кличко не се срамат што Александар Онишченко им е пријател, и јас не се срамам. Кога Шевченко, Доналд Трамп и Надал не се срамат од Онишченко… Во светот на коњичкиот спорт, светскиот носител на листа, официјално јава коњи на Онишченко и не се срами. И шведската репрезентација не бара од него да се откаже. Зошто јас да се срамам и да се откажам од него или да му го барам бекграундот?

Онишенко и Кличко/Фото: Лична архива

| Ако добро ве разбирам, вие ми тврдите дека не знаевте ништо за Онишченко надвор од коњичкиот спорт?Стефановски: За црната листа не знаев. А за тоа другото што го пишува, Википедија не ме интересира.| Владата поведе иницијатива да се одземе државјанството на Онишченко и тоа по член 14 од Законот за државјанство во кој се вели дека државјанството се одзема поради неточни податоци при апликацијата или лажни документи. Дали такво нешто постои?Стефановски: Не сум експерт за лажни документи, ниту можам да видам дали документот е лажен. Онишченко наведе дека нема лажни документи и јас му верувам. А дали се лажни, има истрага, нека се води истрагата, нека се докаже. Колку што знам сите негови документи беа заверени со апостил, со судски преводи и нотарски заверени. Не видов лажен документ, но повторно, јас сум лаик во таа област. Има безбедносни служби.| Аплицирал со руски пасош? Стефановски: Изводот на родени му беше од СССР. Имаше документи за неосудуваност. Во СССР еднаш се издава изводот и не се менува. Во судскиот превод кај нас е Олександр, во Германија е Александр, во Русија Александар. Сите документи ги имаше што му беа побарани. Бидејќи е дел од мојот коњички клуб, максимално ќе го поддржам и ќе одам до крај. Негово лично е дали ќе тужи, а ако реши да го стори тоа, ќе го поддржам во сите намери. Кога политичките дневни препукувања се побитни во Македонија од развојот на спортот, и им се уништува сонот на едни деца, кои можеби никогаш нема повторно да го добијат, нема проблем. Онишенко е официјално регистриран и ќе настапува за Македонија. Државјанството не му е одземено. Освен за спортот, друго не сме разговарале.

Онишченко се интересирал само за спортот| Ама тој тврди дека сакал да купи банка?Стефановски: Да имаше желба да купи банка, знам дека бараше, се распрашуваше преку адвокати, правници. Но, не е дека со некоја преговарал. За други бизниси не сме отворале тема. Знам дека сакаше во финансискиот бизнис да дојде. Беше заинтересиран за фудбалот. Сакаше во Македонија да го донесе раководството на Динамо Киев и комунициравме околу тоа. Барав да помогне и во македонскиот фудбал, односно директно на Вардар да му помогне преку Динамо Киев. За боксот беше заинтересиран да помогне. Ме поврза со Владимир Кличко и кај мене на гости беше поранешен репрезентативец на Украина во бокс. Лично се понудија да помогнат со тренинзи, без пари, Кличко ги праќаше да помогнат за боксот во Македонија. Ама се застана после ова со државјанството.

Онишчено со браќата Кличко/Фото: Лична архива

| Бидејќи сте му пријател и сте заедно кога доаѓа во Македонија, како изгледаат неговите доаѓања во Македонија? Стефановски: Доаѓа на аеродром и јас очекував бодигарди, приватни авиони. Со Визер дојде од Брисел. Ми ги поби очекувањата, ние во Македонија не сме научени да гледаме такви личности. Дојде сам, со едно ранче на грбот, спортски облечен со патики со фармерки, јакна за јавање. Најнормално, насмеан, многу скромен дури и луѓе што сме седеле во ресторани заедно, додека медиумите не објавија, не веруваа дека е тој човекот. Кај мене дома не престојувал. Сме седеле, ја знае мојата фамилија. Преокупиран е со спортот.| Има теорија во јавноста дека се гледал со политичари во Македонија, за бизнис со гас. Стефановски: Јас бев цело време со него. Најодговорно тврдам дека ниту се знае со Заев, ниту го видел Заев, ниту пак јас сум разговарал со Заев, ниту сум го сретнал некогаш во животот Заев. Ниту се сретнал со функционери од партија, ниту има фирма за гас во Македонија и тоа не му беше план да го работи. Не знам од каде им дојде таа идеја. Ако сум се сретнал јас или Онишченко со Заев, зошто тогаш Онишченко две години чекаше да добие државјанство? Тоа нема смисла. На Онишченко после две години му дадоа.| Сега има процедура за преиспитување на ова државјанство и иницијатива да се одземе. Баш во тој момент кога решаваат да му го земат државјанството, Вие се одлучувате да проговорите на темата, иако Ве барам една недела. Зошто денеска почувствувавте потреба да зборувате? Што е тоа што сега ви пречи?Стефановски: Сега ми пречи лично. Јас не сакав ни Онишченко да дава интервјуа и постојано го стопирав да не го прави тоа. После тие напади против него од типот на Џејмс Бонд филмови, тие глупости искажани по телевизии и портали, Онишченко ми кажа да се даде изјава. Не сакам во негово име да зборувам, ама сепак имам дозвола. Вчера беше политички вулгарно она што беа изнесувани тврдења во партии.

Онишченко со Шевченко/Фото: Лична Архива

За обвинувањата за шпионажа и за истрагата| Бидејќи го познавате, тој е поддржувач на Русија или на Украина?Стефановски: Тој е голем поддржувач на Украина. Сега ќе ви доставам интервјуа и видео материјали од Германија, каде лично организира хуманитарни акции во Германија за Украина, собира пари, ја поддржува украинската страна во руската окупација. И тоа јавно го искажува на собири, секаде. Дека настаните ги организира за помош на украинската армија и украинскиот народ против окупацијата на Русија. Ќе ви ги дадам тие материјали, над дваесет видеа од Украина од видни личности каде јавно искажуваат благодарност за неговата хуманитарна дејност за давање лекови, панцири, останати работи како помош за украинската армија. Ако Шевченко праќа слики со Александар, Виталиј Кличко… Ги замолив да направат и писмо. Јавно пред мене го истакнува ставот дека е против војната во Украина. Во Германија тоа го говори јавно и медиумите пишуваат за неговата хуманитарна работа за помош на Украинците. И сега сакам да ви дадам видео материјали од ова за да ги објавите, на кои се гледа дека е поддржувач на Украина.| Со оглед на Вашата безбедносна култура, вие сте сепак поранешен припадник на МВР,  можно ли е тие видеа да се дел од агентура?Стефановски: За Онишченко, сметам дека човек што има се во животот, пари, моќ, не би се довел во позиција да го ризикува тоа и во ризик да го доведе и своето семејство, доколку не чувствува тага кон Украина и ако не ја чувствува Украина за своја татковина. Баш од тие безбедносни мои искуства, а не од квази безбедњаци кои што се радувале дека ќе купат карта за премиерата на Џејмс Бонд, ова го тврдам. Тоа е моето мислење, дека ова со агентурата не е точно. Владата ни излезе во пресрет со неговото државјанство и се надевам дека нема да паднат на овие провокации и политички препукувања со кои се уништува спортот.| Истрагата на МВР за наводните лажни документи на Онишченко, ако таа истрага стигне до Дона, ќе се најде ли нешто спорно?Стефановски: Немам ништо против, нека дојдат. Немам проблем и ништо против. Стоиме на располагање, не криеме не правиме криминал.

    

Најново

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ 6 МИЛИОНИ ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ – во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

Sase Ivanovski

ВАЖНА ОДЛИКА ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА – Ќе се дели богата дивиденда, еве колку же изнесува по акција

Sase Ivanovski

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

Sase Ivanovski

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Sase Ivanovski

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Sase Ivanovski

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Sase Ivanovski

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Sase Ivanovski

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Sase Ivanovski

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Sase Ivanovski

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Sase Ivanovski

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ – Амар Мециновиќ: Левица нема да биде дел од Влада која ќе прифати уставни измени

Sase Ivanovski

Автобусите обезбедени, за гласачите од дијаспората не се знае

Sase Ivanovski

Зеленски: Украина во НАТО по победата во војната со Русија

Sase Ivanovski

Сијарто: Судирот во Украина мора да заврши за да се спречи „лудилото на нуклеарната војна“

Sase Ivanovski

Блинкен го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош меѓу Израел и Газа

Sase Ivanovski

ВИДЕО: РУСИТЕ ЛАНСИРАА МИСТЕРИОЗНА РАКЕТА Новото оружје создало паника, на небото се појавиле чудни траги

Sase Ivanovski

ВИДЕО Американци и Русин ја лансираа ракетата на Маск кон Меѓународната вселенска станица

Sase Ivanovski

(Видео) Николов: За неполни два месеци во повеќе наврати на Хрватската граница утврдено е присуство на забранет пестицид во земјоделски производи од Македонија

Sase Ivanovski

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО – УЖАСЕН ТРЕНД ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЈА ПОТРЕСЕ ЈАВНОСТА Деца се снимаат додека мачат и убиваат животни

Sase Ivanovski

КОЈ ЧУВА ПАПАГАЛ, НЕКА МУ ЈА МИСЛИ! Смртоносна папагалска треска се шири во Европа

Sase Ivanovski

ВИДЕО Драма во турско училиште: Наставник спаси ученичка со Хајмлихов зафат

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Напад над главната руска база на Крим

Sase Ivanovski

Видео: Пожар во една од најпознатите згради во Копенхаген: Се урна цела кула

Sase Ivanovski

Видео: Пожар во фабрика во Русија, има загинати и повредени

Sase Ivanovski

ФОТО+ВИДЕО: Десетици илјади луѓе се евакуирани поради поплави во Кина – 11 лица се водат како исчезнати

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Силен ветер урна минаре на џамија во Турција

Sase Ivanovski

Лидер на ИСИС убиен во операција во пограничниот регион на Мали

Sase Ivanovski

Во поплавите во Кенија загинале 170 лица

Sase Ivanovski

Oсновачот на крипто берзата Бајненс призна дека перел пари, осуден е на четири месеци затвор

Sase Ivanovski

Над 20 лица исчезнаа во поплавите во Бразил

Sase Ivanovski

Маричиќ: 20 години од големото проширување на ЕУ, ние треба да сме во следното

Sase Ivanovski

Запленети 1,8 тони кокаин во близина на островот Сен Мартин

Sase Ivanovski

Пендаровски и Силјановска Давкова со различни ставови за употребата на името и преговорите за членство во ЕУ

Sase Ivanovski

(Видео) Ковачки најави големи проекти во Зрновци: зелен пазар, изградба на брана и резерворар

Sase Ivanovski

(Видео) Видео на руски војник стана вирално:„Добредојдовте во пеколот драги браќа, кои доаѓате за пари“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стојановски: По изборите ќе се преслика политичката разврска од 2006 – ВМРО ќе го исклучи ДУИ од идната влада, СДСМ е во незавидна ситуација!

Sase Ivanovski

Трогателна исповед на родителите на девојче-жртва на монструмот Коста Кецмановиќ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Протестен марш за 1. Мај – од пред Собрание, преку Правда, па до Влада

Sase Ivanovski

ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година, порача Шарл Мишел

Sase Ivanovski

20 години членство во ЕУ ја промени радикално економската состојба во источна Европа

Sase Ivanovski

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Sase Ivanovski

Мерц: Вратата на ЕУ е отворена за нови членки, вклучувајќи го и Западен Балкан

Sase Ivanovski

СИЛЈАНОВСКА: Струмица ја нареков феудот на Заеви што ќе се распадне!

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова „за“, Пендаровски „против“ амнестија за 27 април

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАНКО БАЧЕВ: КАНДИДАТИТЕ НА ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ РАБОТАТ ЗА НАРОДОТ, СИТЕ ДРУГИ ЌЕ РАБОТАТ ПРОТИВ НАРОДОТ!

Sase Ivanovski

ЛУДА ВЕСТ НА ДЕНОТ: СКОПЈАНЕЦ СО КОЛА УДРИЛ ЖЕНА, ЈА БАКНАЛ И ЗАМИНАЛ СО ИЗГОВОР ДЕКА СЕ БРЗА?!

Sase Ivanovski

Пендаровски: Клучните столбови од програмата од 2019 – членство во НАТО, преговори со ЕУ и стабилни етнички односи се остварени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШОКАНТНО: МИТИНГ НА ФАШИСТИ ВО МИЛАНО!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Се обврзуваме на 50 милиони евра директна помош за културата и нови телевизиски проекти на македонски јазик!

Sase Ivanovski

Битиќи: Сплотени и солидарни на 1-ви мај, со победа на СДСМ на 8-ми мај за уште поголеми плати на работниците

Sase Ivanovski

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

Sase Ivanovski

Пронајдено исчезнатото 5-годишно дете во Сарај

Sase Ivanovski

Пендаровски: Најголемиот дел од руското влијание во Македонија за жал влегува преку медиумите

Sase Ivanovski

Македонија е држава која во Србија секогаш може да најде партнер, порача Вучевиќ

Sase Ivanovski

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Sase Ivanovski

Трендафиловски: Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Sase Ivanovski

Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТЕШКИ СМО ДРАГАНЕ: СЕ ЗАГЛАВИ АВТОБУСОТ НА КОЈ ВУЧИЌ, ПИКСИ И МИЛОРАД ДОДИЌ РАЗГЛЕДУВАА НОВ СТАДИОН

Sase Ivanovski

Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРОРУСКИ БАРАБИ ГО ПРЕТЕПАЛЕ ГРУЗИСКИОТ ПРОЗАПАДЕН ОПОЗИЦИСКИ ЛИДЕР, СЕ ПОЈАВИ НА РАБОТА ЦЕЛИОТ ВО ЗАВОЈ

Sase Ivanovski

Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, денот на трудот – СДСМ секогаш била на страната на работниците

Sase Ivanovski

Ископана човечка коска во дворот на Клинички

Sase Ivanovski

ТЕК ЧЕ ДА ТИ БУДЕ ЖАОООО – Изет Меџити: Жал ни е што ВМРО-ДПМНЕ се враќа на старите практики кои мислевме дека ги заборавиле

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: САМО СИЛЕН СИНДИКАТ Е ГАРАНТ ЗА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА

Sase Ivanovski

ТВ 21 открива што се случуваше зад кадарот на претседателската дебата

Sase Ivanovski

Блинкен му повтори на Нетанјаху дека САД се против израелски напад на Рафа

Sase Ivanovski

Мојсовски и Димевски тврдат дека против нив се води хајка – невиноста, велат, ќе ја докажат пред судот

Sase Ivanovski

Филипче од Дојран: Почитта кон работниците ја преточивме во подобри права и повисоки плати

Sase Ivanovski

Европски фронт: Ветингот – услов за нова Влада

Sase Ivanovski

ДЕСПОТОВСКИ: По изборите, ново раководство на СДСМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) И СО ТЕХНОЛОГИЈАТА СЕ ПРЕТЕРА: Багерите во рудниците во Австралија се оперираат далечински од Јужна Африка

Sase Ivanovski

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев на работниците им го честита 1 Мај – Меѓунардониот ден на трудот: Носителите на власта во Македонија во изминатите 30 години кога ја напуштаат власта заминуваат како најголеми капиталисти врз грбот на работниците без никаква одговорност за грабежот

Sase Ivanovski

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, проблемите се многубројни, но решенијата мора да ги носиме заедно и одлучно

Sase Ivanovski

НЕ Е САМО СКОПЈЕ: И БЕЛГРАД ДЕНЕСКА СЕ ИСПРАЗНИ

Sase Ivanovski

Минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада – бараа синдикалците на протестот по повод Денот на трудот – 1. Мај

Sase Ivanovski

НАЈВАТРЕНАТА ПОЛИТИЧАРКА ВО СРБИЈА СО МАКЕДОНСКО ПРЕЗИМЕ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕРКА ЗА СЕМЕЈСТВО

Sase Ivanovski

БРАТОТ НА НБА ЅВЕЗДАТА ЈОКИЌ Е НЕВЕРОЈАТНА ПОЈАВА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОД НИГДЕ НИКАДЕ СЕ ПОЈАВИ БРАН ОД 3 МЕТРА И ЗБРИША ЦЕЛА ПЛАЖА ВО РИО, БРАЗИЛ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Со 2.436 тони златни резерви, Франција е на 4-то место во светот

Sase Ivanovski
Вчитувам....