12.8 C
Скопје
28/04/2024 01:09
МАКТЕЛ

  

     

 

Ѓоргиевска: Родовата еднаквост и економското зајакнување на жените – едни од клучните предуслови за одржлив и инклузивен развој на македонското општество и инклузија

      

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на тркалезната маса  „Женското претприемништво во Република Северна Македонија и неговата улога во даночниот систем“, во организација на Управата за јавни приходи.Настанот се одржува во рамки на одбележувањето на Денот на даночниците – 29-ти Ноември и годинава е посветен на улогата на женското претприемништо во даночниот систем. Во насока на искажување поддршка кон компаниите, како и одблиску запознавање со секојдневното функционирање на жената менаџер, управител, претприемач, во текот на овој месец беа остварени повеќе средби со компании управувани од жени, а денешниот настан го заокружува овој процес.Во фокусот на тркалезната маса се искуствата на жените претприемачи при менаџирање на компаниите во регионот, предизвиците со кои се соочуваат, вклученоста во даночниот систем и други прашања чија цел е преку дијалог и структурна соработка да се придонесе кон зајакнување на женското претприемништво.Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска: Почитувани присутни,Ми претставува чест да ве поздравам денес во пресрет на Свети Матеј – Денот на даночните работници и ми претставува чест да бидам дел од оваа тркалезна маса посветена на женското претприемништво.Кабинетот на претседателот, практично, учествуваше во повеќе активности што беа во смисла на промоција на женското претприемништво, организиравме базари за жени занаетчики и жените од руралните средини. Меѓутоа, и покрај тоа мислам дека е добро, освен позитивните моменти да се осврнеме на она што сè уште треба да направиме во иднина, она што треба да ни биде поттик да ги подобриме состојбите во иднина. Па, така, би сакала да ставам акцент на  три моменти.

   

Прво, принципот на рамноправно плаќање за еднаква работа како еден од најстарите принципи во ЕУ, бидејќи жените во принцип се помалку платени од мажите за извршување на истата работа, и покрај големиот напредок во степенот на образование, на работното искуство и стручноста на пазарот на трудот. Исто така, помалку се застапени во многу професии, иако знаеме дека претставуваат половина од населението. Повеќе се застапени во помалку платените сектори, знаеме дека жените се најмногу застапени во текстилната индустрија, во образованието, во здравството, во угостителството и ваквата нееднаквост се одразува и на нивното учество во даночниот систем како даночни обврзници.Понатаму, родово-базираната дискриминација со која се соочуваат жените на работа е поттикната генерално од традиционалните норми, родовите стереотипи, при што, да речеме, на пример бременоста, сè уште останува ризичен потег во кариерата, бидејќи жените честопати се принудени да избираат помеѓу нивните кариери или да имаат деца. Пандемијата со Ковид-19 дополнително го прошири јазот, бидејќи, од една страна, многу жени претприемачки мораа да останат дома да ја работат својата работа, но истовремено да се грижат и за децата, за болните членови на семејството и за постарите, а од друга страна, пандемијата го забрза процесот на дигитализација и автоматизација и тоа неминовно се одрази на пазарот на трудот и на економијата. Извештајот на Светскиот економски форум за индексот на глобален родов јаз покажува дека тој е најголем токму во секторите што бараат иновативни дигитални и технички знаења и вештини, а врз тоа знаеме дека се темели дигиталната економија и практично, ваквата нееднаквост на можностите го успорува економскиот раст и развој на државата.И овие денови, посветени на 16 дена активизам во борбата против родово базираното насилство, морам да се осврнам и на тоа, бидејќи сметам дека освен отвореното насилство многу повеќе се соочуваме и со прикриено насилство. Освен физичкото и психичкото, постои и финансиска, економска зависност, бидејќи доколку жените се економски независни многу полесно ќе го прекинат кругот на насилство и помалку ќе бидат жртви на насилството.И на крајот, би сакала да кажам дека се надевам дека со овој настан ќе придонесеме за најмалку две цели:

 

Прво, да ја пренесеме пораката дека родовата еднаквост и економското зајакнувањето на жените се еден од клучните предуслови за одржлив и инклузивен развој на македонското општество и економија.Економското зајакнување на жената е истовремено индикатор за нивото на демократизација на општеството, но и патоказ кон поправеден економски развој во кој ќе има место за секого. Економското зајакнување на жената е зајакнување на општеството во целост и претставува инвестиција во иднината и гаранција за просперитетот на државата. Економското зајакнување значи и поразвиена економија. Искуствата од големите економски кризи на 20 век покажуваат дека први на удар најчесто се жените. Но, онаму, оние држави кадешто жените се избориле за своето место има многу побрзо закрепнување во државата. Државите со поголема родова балансираност многу побргу, многу полесно ги пребродуваат економските кризи. И компаниите кадешто на чело, на  раководните одбори имаат жени, честопати се поуспешни. Зошто? Заради различниот профил на лидерство, коешто всушност претставува комбинација на амбиција и емпатија, синергија меѓу емоционалните и институционалните капацитети.

   

     

Со овој настан мислам дека ќе придонесеме кон поголема промоција, вмрежување и препознатливост на женските бизниси, ќе помогнеме да се отстранат бариерите за полесен влез на жените во бизнис-светот, кадешто со достигнување на своите потенцијали ќе придонесат за напредокот на државата. Со промоцијата на позитивните бизнис приказни и практики на жените, промовираме бизнис-етика што е општествено одговорна, бидејќи вредноста на бизнисот не може да се мери само со профитот на компанијата, туку и со благосостојбата што ја предизвикува во општеството.

    

Најново

Ковачки: Масовно да излеземе и да гласаме на 8 мај за да не дозволиме некој друг да ни ја крои судбината – за Македонија се работи

Sase Ivanovski

Мицкоски од Чешиново Облешево:Голема благодарност до целиот народ за постигнатиот резултат на 24 Април, сега сите масовно да излеземе на 8 мај и да гласаме за ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова

Sase Ivanovski

Небојша Захариевски, носител на кандидатската листа во ИЕ 6 активности

Sase Ivanovski

СДС коваат две сценарија – 1. Бојкот на избори, 2. Влада со ДУИ, и Али да одлучува кој кое министерство ќе го има, масовна излезност за народот да си ја врати државата

Sase Ivanovski

105 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

Соопштение до медиуми: КАКОВ ГРАД? Просторна интервенција, перформанс и музички настан во киното на Железничката зграда во Скопје

Sase Ivanovski

Ковачки: Платформата 1198 се обврзува на 17 милиони евра за Кочани за проекти, продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево, реконструкција на патот Кочани до Зрновци, реконструкција на железничката линија Кочани до Велес, изградба на катна гаража и старечки Дом

Sase Ivanovski

Николоски: Ќе вложиме 50 милиони евра во спортот, спортски објекти, поддршка за клубовите и федерациите, како и пониски даноци за домашните стопанства и привлекување на нови инвестиции

Sase Ivanovski

Сајкоски: Секоја година Битола од владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе добива 11 милиони евра, затоа битолчани излезете на 8 мај за победа на ВМРО-ДПМНЕ и победа на Македонија

Sase Ivanovski

Стојаноска: Програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ предвидува зголемување на паричната помош за потполно глувите лица за 20%

Sase Ivanovski

Мисајловски: За брзо започнува изградба на нова детска градинка во Стопански Двор, проект вреден 60 милиони денари

Sase Ivanovski

Ковачевски: Никогаш повторно режим, не се откажавме на 27 април, нема да се откажеме ниту на 8 мај

Sase Ivanovski

На 8 мај оваа криминална влада ќе се соочи со пораз, а кога веќе Спасовски се обидува да прави капитал на настаните од 27 април, нека каже дали спие мирно знаејќи дека луѓето издржуваат драконски казни за дела кои не ги направиле

Sase Ivanovski

Михаилоски: Не попуштивме. Застанавме цврсто против, чувајќи ја нашата демократија и нашиот мир од слепилото на омразата и сеништето на работ на граѓанска војна., 27.04.2024

Sase Ivanovski

Бендевска: Во Битола во последните два дена зголемување на членството за 20%

Sase Ivanovski

Санела Шкријељ: Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме, европска иднина, 27.04.2024

Sase Ivanovski

Емил Јанески од Прилеп, Движењето ЗНАМ-За наша Македонија

Sase Ivanovski

Битиќи до жителите на Бутел: Резултатот е нула-нула, a на 8-ми мај заеднички одлучуваме за победникот

Sase Ivanovski

Таравари: ВЛЕН единствена албанска опција на 8ми мај, промената доаѓа

Sase Ivanovski

М-р Борче Серафимовски:ЗНАМ ќе ги поддржи младите во отворањето на сопствени бизниси

Sase Ivanovski

Лукаревска: И на 8 мај, и по 8 мај, ќе покажеме и докажеме дека СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од социјалдемократските вредности за слобода, правда, еднаквост и просперитет за сите граѓани, за сигурна и безбедна иднина, 27.04.2024

Sase Ivanovski

Снопче: Бројот 6 првиот совршен број, 6 точки на дигитализација зошто треба да се гласа за бројот 6!

Sase Ivanovski

О, душо моја

Sase Ivanovski

5 заклучоци за неочекуваните резултати од изборите

Sase Ivanovski

„ФЕРОГАО Е ВОЗОТ НА СМРТТА, ЌЕ ЈА УНИШТИ БРАЗИЛСКАТА ШУМА“ Бразилските домородци се противат на изградбата на железница

Sase Ivanovski

50 МИЛИОНИ ЕВРА ВО СПОРТОТ, КЛУБОВИТЕ И ОБЈЕКТИТЕ Николоски објасни каде и како ќе се пласираат планираните средства

Sase Ivanovski

ДА ЗАПРЕ СИСТЕМАТСКОТО УНИШТУВАЊЕ, ЕКОЛОШКИОТ И УРБАНИСТИЧКИОТ ХАОС Еве што им порача Силјановска Давкова на жителите на Маврово

Sase Ivanovski

Во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград повредени две лица

Sase Ivanovski

Зеленски предупредува за нуклеарката Запорожје: Русија мора да ја отстапи, радијацијата не познава граници

Sase Ivanovski

Украина ги повлекува американските тенкови „Абрамс“ од првата борбена линија

Sase Ivanovski

Шојгу: Русија никогаш не би ги нападнала НАТО земјите

Sase Ivanovski

Грција воведува шестдневна работна недела

Sase Ivanovski

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

Sase Ivanovski

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева698

Sase Ivanovski

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

Sase Ivanovski

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

Sase Ivanovski

ОСВЕН ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА, СРБИЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА БАКАР ВО ЕВРОПА: Се подготвуваат големи инвестиции

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Има драконски казни за дела кои не биле направени на 27 април

Sase Ivanovski

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Sase Ivanovski

Серафимовски:ЗНАМ ќе ги поддржи младите во отворањето на сопствени бизниси

Sase Ivanovski

Битиќи до жителите на Бутел: Резултатот е нула-нула, a на 8-ми мај заеднички одлучуваме за победникот

Sase Ivanovski

Таравари: „Вреди“ единствена албанска опција на 8 мај, промената доаѓа

Sase Ivanovski

Влошено е здравјето на Кралот Чарлс, активирана „Операцијата Менаи Бриџ“ за кралскиот погреб

Sase Ivanovski

Бајден и Трамп прифаќаат дебата пред претседателските избори

Sase Ivanovski

Нови 27 случаи со голема кашлица, 4 лица се хоспитализирани

Sase Ivanovski

Кина посредува меѓу Фатах и Хамас за палестинско единство

Sase Ivanovski

Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски

Sase Ivanovski

Левица со антикорупциска платформа ќе се бори против неказнивоста на функционерите

Sase Ivanovski

Ќе бидеме дел од владината коалиција, вели Касами

Sase Ivanovski

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Sase Ivanovski

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Sase Ivanovski

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Sase Ivanovski

Граѓански организации со 18 прашања до политичките партии пред парламентарните избори

Sase Ivanovski

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Sase Ivanovski

Автопатот Скопје – Блаце заглави на првите два километра

Sase Ivanovski

„Правиме букви“ – утре детска работилница за фонтови во „Бруталиск“

Sase Ivanovski

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Sase Ivanovski

Петнаесет работници лани загинале на работните места

Sase Ivanovski

Европска недела на имунизација: Слушајте ги научниците, а не дезинформациите

Sase Ivanovski

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТОТАЛНА РАСПАЉОТКА НА КАНАЛ 77: Зајкова, Карапејовски, Мизрахи, Мециновиќ – Парламентарни избори 2024

Sase Ivanovski

Села: Или прифаќаш уставни измени или треба да кажеш дека не си за ЕУ

Sase Ivanovski

Спасовски: Насилниците од „крвавиот четврток“ не смеат да бидат помилувани

Sase Ivanovski

Филипче: Пораката од граѓаните е јасна-потребни се темелни промени

Sase Ivanovski

СДСМ: Учесниците на 27-ми април се насилници, а не уставобранители како што велат Силјановска и Мицкоски

Sase Ivanovski

27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Sase Ivanovski

Филипче од Прилеп: Отворам канцеларии за комуникација со граѓаните во Прилеп, Кавадарци и Струмица

Sase Ivanovski

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција 

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Маричиќ: 27 април е силна причина да се исправиме пред налетот на старо-новиот режим

Sase Ivanovski

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Sase Ivanovski

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го истреби криминалот и за истиот ќе има одговорност, затоа ни треба поддршката од граѓаните на 8 мај за број 2

Sase Ivanovski

Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците, со 250 милиони евра годишно дополнително ќе се развиваат општините

Sase Ivanovski

Радовишанец со месеци силувал малолетно девојче

Sase Ivanovski

Маричиќ: До крајот на месецот конечната верзија на реформската агенда до ЕК, првата исплата на средства од Планот за раст во септември

Sase Ivanovski

Тешко повреден возач кој со автомобил излета од патот Радовиш-Штип

Sase Ivanovski

Прегазен малолетен пешак во Тетово, итно пренесен во болница

Sase Ivanovski

Николоски од Подгорица – Полноправното членство во ЕУ најбрзо преку економското приближување

Sase Ivanovski

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ е пример за лажен патриотизам

Sase Ivanovski

Бучковски: Фер е да се даде шанса на Пендаровски, во игра се повеќе од 330 илјади гласови на другите кандидати

Sase Ivanovski

Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски е истиот феномен како НСДП во 2006 година

Sase Ivanovski
Вчитувам....