Солза Грчева, поранешна пратеничка во Собранието на Македонија на нејзиниот фејсбук профил објави фотографија од тоа како изледа аквадуктот во Скопје.
„Вака изгледа во Скопје римскиот аквадукт. Наместо атракција за туристите и за нас, рушевина сред буниште.
СДС имаше во програмата за култура, негова реставрација. Ништо од тоа!
Важно ветуваат иднина, а систематски ни ја бришат историјата и историското наследство.
На 8-ми ќе си одат и самите тие во историја!“, напиша таа на фејсбук.