Билјана Ванковска кандидатка за претседател од Левица која освои нешто над 41 илјада гласови, на нејзиниот фејсбук профил објави дека ја прашувале за кого да гласаат на 8 мај.
„Ме прашуваат за кого да гласаат на 8 мај.
Мојот одговор е прашајте се кој ви даде јасни, недвосмислени и прецизни одговори на следните прашања:
1. Дали ќе ги внесат Бугарите во Уставот како услов за отворање на преговорите со ЕУ?
2. Дали ќе направат чекор кон враќање на името? Или Преспа е завршена работа?
3. Дали ќе тераат “како и досега” со етнички пазарења и поделба на Македонија?
4. Дали имаат против огромните издвојувања за воени трошоци?
5. Дали ќе ја слушаат ЕУ и новиот амбасадор за имплементација на Преспанскиот договор?
6. Дали воопшто ќе кажат НЕ на уцените на кои сме подложени?“, напиша таа на фејсбук.