Доколку се водиме според напредокот кој се случи во 2022 година, имаме причина да бидеме оптимисти за глобалната насока на патување кога станува збор за истополовите врски, велат ЛГБТК активистите.
Во втората половина од годината, имаше наплив на движења за декриминализирање на истополовата интимност во Сингапур, Сент Китс и Невис, Барбадос и Антигва и Барбуда. Ова беа некои од последните земји со историја на закони од колонијалната ера кои сè уште забрануваат таква активност. „Се чувствува доаѓањето на некаква пресвртна точка“, вели Нила Гошал, виш директор за право, политика и истражување во невладината организација за глобално застапување Outright International. Ваквиот развој на настаните „ни овозможува да кажеме дека навистина постои глобално прифатена норма дека истополовата интимност не треба да се криминализира“. Рамноправноста во бракот исто така помина долг пат, со земјите од Куба до Словенија кои ја усвоија со закон минатата година. 33 влади ги легализираа истополовите брачни заедници, што е тројно повеќе во споредба со една деценија порано, според податоците од групата за застапување ILGA World.
Грција е една од неколкуте земји што во 2022 година воведе забрана за таканаречена конверзивна терапија за малолетници; Франција, Израел и Нов Зеланд, исто така во 2022 година, презедоа чекори да се направи нелегална практиката чија што цел е промена на сексуалната ориентација или родовиот идентитет на една личност. Во Бразил, ЛГБТК активистите се надеваат дека реизборот на Луис Инасио Лула да Силва може да надомести дел од штетата направена од страна на неговиот претходник Жаир Болсонаро, додека американскиот Конгрес брзаше да го донесе Законот за почитување на бракот и да го заштити законското признавање на меѓурасните и истополови бракови.
Чекор напред Се намалува бројот на држави кои ги забрануваат истополовите врски (сино) Постојат закони кои ги криминализираат истополовите врски