Потоа следат фотографии од чинарот со околните дуќани и од хотелот Солун кој постоел покрај езерото. Се дава и фотографија од една од џамиите во Охрид, според описот Зејнел Абидинова. Пред џамијата можат да се видат многу запрежни коли со дрвени тркала кои кажуваат дека ова место било собирно. Можеби ова е сликано од чинарот кон другиот дел на чаршијата.
На другата фотографија која исто гледа одозгора, но кон модерниот дел од градот, се гледа големо зелено поле. Таму гледачот може да претпостави сега дека се наоѓаат улицата Туристичка и населбите, центарот на Охрид со своите улици и маала.
Потоа следат фотографии од чинарот со околните дуќани и од хотелот Солун кој постоел покрај езерото. Се дава и фотографија од една од џамиите во Охрид, според описот Зејнел Абидинова. Пред џамијата можат да се видат многу запрежни коли со дрвени тркала кои кажуваат дека ова место било собирно. Можеби ова е сликано од чинарот кон другиот дел на чаршијата.
Се вели и дека фотографиите биле направени во мај таа година. Интересно е дека истата година во Букурешт бил потпишан договор со кој Македонија била поделена меѓу нејзините соседи.