Познатата венецуелска актерка Кораима Торес, која ја паметиме по улогата на прочуената Касандра, признава дека ја обожава Србија, но и дека ужива во песните на фолк-пејачките Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша.
Актерката рекла и дека би сакала да сними филм со српскиот актер Милош Биковиќ, пишува српски „Информер“.
Славната Касандра се присетила на нејзината посета на Србија. Како што вели, од тој момент почнала да ја слуша српската музика и да гледа српски филмови.
„Навистина би го сакалa тоа, сонувам да се вратам во Србија! Бев многу среќна додека бев во Србија, тоа ми е еден од најдрагите спомени во мојот живот. Луѓето беа љубезни, внимателни и полни со поддршка. Ја ценам љубовта која во деведесеттите години ја добив од вас, ја чувам во срцето и до ден-денес“, рекла актерката.
На спомнувањето на српскиот актер Милош Биковиќ таа се одушевила и рекла: „Секако дека сум слушнала за Биковиќ, би сакала да снимам филм со него!
Кораима е одушевена и од Емир Кустурица и би сакала да игра во некоја од неговите продукции.
„Тој ми е долго време еден од омилените режисери. Ми се допаѓаат неговите филмови, начинот на кој работи, кадрите, длабочината на неговите приказни… Додека ги гледам неговите филмови, влегувам во еден магичен свет, од кој потоа излегувам поинаква. Би била најсреќна да играм во филмот во режија на Кустурица“, рекла Кораима.
Актерката додала дека слуша српска музика и дека слушнала за српските музички ѕвезди: „Ми се допаѓа Цеца! И Јелена Карлеуша, исто така. Не сум упатена во работењето на другите ваши музички ѕвезди“.