Љуљзим Фаризи, политички аналитичар смета дека за првпат во историјата има два табора на партиите на Албанците. „Албанците максимално може да земат од 30 до 32 пратеници затоа што толку останавме Албанци во државата, се забележува тренд на иселување. Тезата дека Албанците може да ги уценуваат македонските политички партии паѓаат во вода. Очекувам околу 120.000 гласови за Европскиот фронт во вториот изборен круг. Мислам дека албанската опозиција може да извади повеќе гласови во вториот изборен круг” – истакна Фаризи.