Имам еден предлог, кој можеби би ја смирил ситуацијата и би донел некаков ред во односите меѓу Македонија и Бугарија: ако се одбележува заеднички, тогаш тоа да се прави за сè, односно на сите датуми што произлегуваат од т.н. заедничка историја!
Па од роденденот на Гоце да се скокне до Ваташа и заеднички да се положи цвеќе на гробот на убиените младинци, кои страдаа од бугарскиот окупатор…
Може и да се отпатува до с. Долгаец и на другите места каде што историчарите детално ги имаат забележано масакрите и масовните убиства на Македонците од страна на Бугарите во окупациите за време на двете светски војни.
Не е лошо да се чествува и на гробовите на Стив Наумов, Кузман Јосифовски Питу, Цветан Димов и на сите останати македонски револуционери што се убиени од страна на бугарските „администратори“…
