II Конгрес на радиолошки технолози
Минатата недела на Копаоник, еминентни доктори и радиолошки технолози од светски ранг присуствуваа на Вториот по ред конгрес на радиолошки технолози. Во хотелот Горски, претставниците од голем број земји и од регионот и од светот, ги презентираа најновите методи и радиолошки техники. Нашиот колега Маноилов Михајло одржа предавање на тема МР на срце со која уште еднаш го афирмираше и промовираше научниот пристап на примена на оваа методологија во нашата болница.