Блокадата на автобуските превозници во Скопје нанесува огромна штета на граѓаните. Секој по половина час најмалку во денот вози повеќе, троши гориво, се губат работни часови, се губат бизниси што е огромна штета за граѓаните, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, одговарајќи денеска на новинарско прашање во Струмица. Додаде дека не може да каже кои мерки ќе се преземат, но состојбата се следела.