Пред да се зачнат децата во утробата на мајката, се создаваат во мислите на родителите. Пред да се создаде текстот (книгата) се создава во мислите на авторот. Пред да се создаде претстава се создава во мислите на режисерот. Пред да се создадат карактерите се создаваат во мислите на актерите. Пред да се толкува ЈАС СУМ АКИКО се посетува ТЕАТАР и се гледа претставата.
Додека се гледа претставата, се создава посебен свет во микрокосмосот на секое дете и возрасен. Претставата Акико е претстава која е поразлична од останатите и нуди симболики, асоцијации и толкувања, како уникатни делови од една сложувалка. Не постојат погрешни толкувања. Сечие толкување е поразличнно, посебно и правилно толкување, како уникатноста на Акико и Марсело, како посебноста на секое дете и возрасен, кои седат и ја воспримаат претставата од публиката.
Погледнете ја ЈАС СУМ АКИКО и дозволете си сами да си ја објасните претставата, на начин на кој Марсело си се објаснува самиот себе си. ЈАС СУМ АКИКО Е ПРЕТСТАВА КОЈА НУДИ ЕДЕН ПОРАЗЛИЧЕН ПРИСТАП, од се она на кое сме навикнати да го конзумираме, како „претстава за деца“. Ова не се однесува само на понудената содржина туку и на иновативната и модерна естетика, која се препознава во специфичната АНИМЕ креација на ликовите од видеата, со кои комуницираат актеите од сцената. Овие ликови се илустрирани од дете за дете. Како илустратор се потпишува 14 годишната Мила Филиповска, додека останатиот тим се искусни автори од областа на театарската уметност, анимацијата и музиката.
Претставта освен тоа што е исклучително забавнаа, има за цел и да ја поттикне публката на креативни но и суштински размислувања. Автор на текстот е Стефан Тиќми ( Р. Србија), а неговото книга ЈАС СУМ АКИКО jа споредуваат со Малиот Принц и истата се вбројува помеѓу 200 – те најдобри детски книги во светот, по изборот на весникот White Ravens , кој го издава Минхенската библиотека. Наградена и со награда „ Politikin zabavnik“ и со плакета „Djecja kniga godine“.
Автор на текст: СТЕФАН ТИЌМИ Режија, адаптација и драматизација: РОБЕРТ РИСТОВ Играат: МИРЈАНА ПОПОВСКА РИСТОВ И РАДО АЛЕКСОВСКИ Аниматор: ЈОСИП ЗДРАВКОВСКИ Илустратор: МИЛА ФИЛИПОВСКА Композитор: БРАНКО САПЛАМАЕВ Костимографија: РАДЕ ВАСИЛЕВ Сценографија: РОБЕРТ РИСТОВ Превод од српски јазик: ЕЛЕНА ПРЕНЏОВА Продуценти: МИРЈАНА И РОБЕРТ РИСТОВ Продукција: ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА Претставата е финансирана од Министерството за култура и од сопствени средства на Театар Провокација. Благодарност до помагателите КИЦ и ГТЦ.