Сите се зачудени како му успеа на Спасовски и неговиот тим составен од Тасевски како директор на БЈБ и останатите директори на сектори, управи, полициски станици, специјални единици итн итн да воведат ред и да спречат каков и да било инцидент, никој никого да не нападне, претепа, па дури немаше ниту транспаренти со навреди, се помина беспрекорно со исклучок на тројцата уапсени на преминот Деве Баир каде тројца нападнаа полицајци и беа уапсени и сега се во затвор во Крива Паланка. Зачудени се дури и оние кои се надеваа на инциденти, на чело со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицковски?! Се чини одговорот лежи во интервјуто што го даде Спасовски за Алсат М вчера, каде изјави една интересна работа за тоа како МВР се потрудило денеска да нема инциденти:
- Повикани се на разговор голем број потенцијални бељаџии за кои знаеме дека имаат досие или пак на социјални мрежи се пофалиле дека ќе прават проблеми или пак се членови на навивачки групи или разни радикални организации, партии, движења и слично. Тоа и порано се правело тоа е традиција на МВР пред вакви важни настани од висок ризик да се повикаат тие лица и да им се укаже дека МВР ги следи и внимава на нив и дека ќе се соочат со последици и одговорност ако го нарушат редот, мирот, законите и тргнат во некакви операции и креирање на инциденти.
Ова е генијална психичка војна на МВР против потенцијалните бељаџии кога пред време им влегуваш вака со психолошка подготовка и ги кршиш уште пред да се охрабрат да направат инциденти со тоа што ментално ги соочуваш да преспијат пред да решат да се соочат со законот за после да не биде ОТУГО ОЛЕЛЕ ШТО СУМ КРЕВАЛ РАКА, ова е стара финта на полицијата од време на екс Југославија, тогаш дури се одело и еден чекор понатаму па при секоја посета на Тито на Скопје, полициските станици ги повикувале сите познати бељаџии од населбите и градовите и ги затворала во станица секако без лисици на рацете туку внатре биле заклучени во присуство на командирот на станицата па заедно се правеле седенки, софри, дружења се играло карти, се мезело и пиело само да не направат некоја будалаштина додека во градот на улиците шетал маршалот.