Јас сум добил поддршка од народот и морам да ја оправдам нивната доверба и морам да му бидам на моите сограѓани потпора. Не смеам да си дозволам да оставам дечиња да не се хранат во школо, не можам да оставам граѓаните да смрзнуваат преку зима, јас знам дека не е популарна мерката субвенција на дрва, дека загадуваат и сум свесен за истото, но јас не може да ги оставам граѓаните да смрзнуваат и токму затоа го направивме целиот овој сет на мерки. Да не заборавам да кажам дека за прв пат во општина Кисела Вода секое прваче доби ранец со опрема, можеби не е многу но со оглед на економската ситуација каква е, значајна е и мала помош за граѓаните, додаде тој.
Да сте градоначалник не значи само да ги решавате инфраструктурните проблеми, не значи само имате организација на настани, многу значи кога ќе успеете стандардот на своите граѓани, освен преку привлекување на инвестиции и нови работни места, туку и на ваков начин социјално да ги помогнете своите сограѓани, рече Ѓорѓиевски. Во однос на обвинувањата од страна на СДСМ дека ништо не е сработено во Кисела Вода, Ѓорѓиевски нагласи дека не гледа опрвданост и здрва логика во ваквите изјави, како и дека доколку владејачката СДСМ се фокусираше на решавање на проблемите на граѓаните, немаше сега државата да е во ваква катастрофална состојба.