Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж за воведување на иновациите во Македонија, се резултат од учеството на претставниците на #Адора на најголемиот самит за водород во светот Hydrogen Europe 2024, кој неодамна се одржа во Холандија.
На самитот во Амстердам, на кој учествуваа повеќе од 400 високи носители на одлуки за водород, реномирани производители на енергија, купувачи, инвеститори, консултантски компании и политички лидери, беа најавени над илјада проекти, тешки 320 милијарди $, во време кога пазарот мора да ги преиспита стратегиите за зголемување, обезбедување удел и финансиско затворање на проектите за водород.
Нашите претставници, заменик претседателот на Adora Business Group Dusko Cifliganec и соработникот проф. д-р Minovski Dragan низ учество на интерактивните сесии, се стекнаа со значајни искуства за најновите стандарди кои владеат на енергетскиот пазар за изградба на инфраструктурен столб од светска класа за производство, користење, складирање и важноста на овој зелен извор на енергија.
Адора, која како сопственик на најголемиот дел од капацитетите за затоплување на Град Скопје, од 2021 година е присутна во енергетскиот сектор во Македонија, на самитот Hydrogen застана рамо до рамо со првите имплементатори, информирани лидери и предводници, кои ќе го забрзаат процесот на транзицијата на водородот од пилот проекти до реална фаза на развој на овој главен зелен извор на енергија за иднината.