На оваа улица е поставен нов асфалтен слој, со што се подобруваат условите за граѓаните кои живеат и гравитираат во овој дел од градот.
За овој проект општина Пробиштип одвои 1.3 милиони денари од сопствениот буџет, а го реализираше економскиот оператор Ленди груп од Скопје.
Општина Пробиштип продолжува и во следниот период со реализација на програмата за улици и патишта, според која следуваат реконструкции и на останати улици на територија на општина Пробиштип.