Деновиве додека јавноста се занимава со тоа кој собрал потписи за претседател, кога ќе биде испорачан Палчо и ред други помалку битни работи позади сцената се местат фигурите како бугарите да се внесат во Уставот и Али Ахмети да стане Претседател на Република Северна Македонија, сосема политички легитимно да се разбереме на старт.
Ако се вратиме назад во блиското минато, Мицкоски не стана премиер кога исчезна пратеникот Кастриот Реџепи, но и самиот тој знаеше дека нема да стане и отиде да вади масно ткиво. Зошто не стана Мицкоски не стана премиер?!Условот од меѓународниот фактор сеуште е да ги прифати бугарите во Уставот, да ја смени реториката, тоест, да не парира на Апасиев , да направи кадровски промени во партијата, а прв чекор да биде дистанцирање на Ковачки од јавноста, не беше спремен тоа да го стори и со тоа знаеше дека нема да стане премиер и покрај силната поддршка од целата екс ју олигархија дури и од самиот Заев.
Овој пат не бевме сведоци на бедно продавање на пратеници и покрај увереноста која делеа фактори од власта дека бугарите во устав е готова работа и имаат 80 потребни пратеници. Сега „фаст форвард“, во меѓу време гледаме дека Мицкоски ја смени реториката, нема веќе „Никогаш Северна“ и самите негови министри во техничката Влада работат на нормализација на „Северна“, за која што и тој има изјавено дека е реалност односно дека „Преспанскиот договор е завршена работа“.
Сведоци сме дека Мицкоски ги прифати кадровските забелешки од „странците“ за министрите во техничката владата, но и понатаму бара од странскиот фактор во партијата да постави свои луѓе за да не „падне“ од евентуалните политички отстапки настаните кои што ќе следат, се во случај да не излезе ситуацијата од контрола, а во таа насока слушаме и наводи дека се купуваат станови во Виена, веројатно се со цел за можна евакуација, нешто слично како барањето на Груевски прво да се обезбеди со фамилијата, па да пристапи со менување на името пред 2012 година, кога се премисли.
ДУИ и Али Ахмети побарале од СДСМ и Ковачевски токму Али Ахмети да биде заедничкиот кандидат на СДСМ И ДУИ, но СДСМ не биле спремни да го прифатат и истрчале со својот кандидат Пендаровски. Ахмети за кандидат вреојатно ќе значеше распад и на онака слабиот СДСМ.Со право Бујар Османи од кога се кандидираше за претседател образлагаше дека не гледа причина дека ако може да биде Пендаровски претседател, зошто да не биде нивниот кандидат, а не мисли на себе. А јас би се надоврзал кога можеше Бранко Црвенковски да биде претседател, лично не гледам причина зошто Али Ахмети да не биде?!?!?
Кога сме веќе кај Црвенковски, секако сите не зачудува неговата рехабилитација од кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ , позната под надимакот Гога Сорос, а предходно Марјан Ѓорчев го рехабилитираше и Колешевски, а „ќутим ја, ќутиш ти“ како што кажа Амар Гиле, а ќути и Груевски и Георгиевски за овие идеолошки лупинзи на ВМРО-ДПМНЕ. Ќути целото членство.
Веројатно во позадина се одвива операција за внес на бугарите во Уставот, а Христијан Мицкоски работи да го реализира ветувањето да се грижи и за прогонуваните од ДПМНЕ кое што го дал на Груевски и Мијалков, и да го спречат спречат Ахмети да ја оствари својата финална цел да стане претседател на Република Северна Македонија, „Pse, jo“?!?!. Но , условот за внес на бугарите во уставот и избор на претседател во собрание е поставен и од Таравари. Секако следи интересна кампања.
Александар Бежовски, адвокат и политички аналитичар